Првото српско востание — востание на Србите против Османлиското Царство. Траело од 14 февруари 1804 година до 7 октомври 1813 година. Востанието во почетокот започнало како локална побуна против дахија, но истото прераснало во една голема револуција. На чело на востаниците застанал Караѓорѓе Петровиќ. Во 1814 година во Букурешт бил потпишан договор според кој на српскиот народ требало да му се даде автономија. Но, договорот никогаш не бил спроведен на дело. Така, во 1813 година, востанието било задушено и повторно била воспоставена целосна османлиска власт.

Оваа востание претходело на т.н. Второ српско востание кое избувнало во 1815 година, кое придонело до создавање на современа Србија. Заднина Општа состојба во Османлиското Царство Во XVIII век, тимаро-спахискиот систем (османлискиот феудален поредок) влегол во фаза на целосно распаѓање, а тоа особено се одразило во меѓународната положба на Османлиското Царство и нејзиниот внатрешен поредок. Османлиската држава и војска ја изгубиле својата некогашна моќ и организираност, а во поглед на воружувањето, опремата и подготвеноста заостанувала зад армиите на европските сили. Османлиското Царство повеќе не била во состојба да го сочува својот престиж како голема сила. Империјата во серијата на австриско-турските и руско-турските војни постојано доживувала порази и со секој потпишан мир станувала се послаба. Европските сили имале големи територијални претензии врз Османлиското Царство, а т.н Источно прашање станало едно од главните меѓународни прашања во Европа и Блискиот Исток. Меѓутоа, Османлиското Царство успеала на одреден начин, благодарение на Наполеоновите војни, да ја подобри својата положба и да ги искористи противречностите помеѓу големите сили.

На внатрешен план, Империјата се соочила со анархија на цели области. Високата Порта и султанот го изгубиле својот престиж и не можеле да ги спроведуваат своите одлуки. Кон крајот на 18 и почетокот на XIX век, пашите кој ги добиле областите на управување, успеале да ги претворат во наследни пашалуци и честопати воделе политика спротивна од онаа на централната власт. Христијнаското население незадоволно до општата состојба почнало да истапува со барања за воспоставување на редот и мирот по провинциите или добивање на пошироки права во Империјата.

Положбата во Белградскиот пашалaк пред востанието мини|лево|150п|Селим III Во 1791 година бил потпишан Свиштовскиот мир со кој завршила војната помеѓу Хабсбуршката монархија и Османлиското Царство водена во периодот помеѓу 1788-1791 година. Со мирот, српското христијанско население се стекнало со амнестија, но останало под власта на Османлиското Царство. Во текот на оваа војна, Србите се бореле на страната на Хабсбурговците и биле организирани во доброволечки одреди под команда на домашни луѓе. По потпишувањето на мирот, српските првенци барале да се воспостави редот и мирот во Белградскиот пашалак, а положбата била сложена бидејќи српското население и понатаму било вооружено.

За да ја смири состојбата во оваа османлиска провинција, султанот Селим III бил подготвен да направи отстапки кон христијанското население. Тој издал неколку фермани во 1791, 1792, 1794 и 1796 година со кои на Србите им било дозволено да поседуваат оружје и да формираат милиции, решавање на локалните прашања, односно кнезовите да управуваат во селата, а оберкнезовите во кнежините. Српските првенци добиле право да ги собираат даноците и судска власт.

Меѓутоа, најголемиот проблем било во тоа што централната власт не можела да ги спроведе султановите фермани, а јаничарите и муслиманското конзервативно население било против какви било остапки во полза на христијаните. Во претходниот период, централната власт со цел да ги отстрани јаничарите од османлиската престолнина, каде што тие често предизикувале нереди, почнала да ги поставува по провинциите каде што јаничарите успеале да ја преземат локалната власт и да си обезбедат за себе и за своите роднини голем број на села и имоти кои ги претвориле во чифлици. Во текот на австриско-турската војна, Белград, седиштето на пашалукот бил под окупација на Хабсбурговците, а јаничарите биле принудени да се повлечат. По завршувањето на војната, јаничарите сакале да се вратат назад, а состојбата била затегната бидејќи српските првенци и христијанското население се спротивставувале на таквиот стремеж.

Централната власт, именувала нов паша кој добил задача да се пресмета со непосолушните јаничари и да ја подобри соработката со српските првенци. Набргу бил издаден ферман со кој јаничарите биле протерани од Белградскиот пашалак и се засолниле во соседните провинции.

Враќање на јаничарите мини|лево|150п|Јаничаримини|десно|300п|Убиството на Хаџи Мустафа Протераните јаничари склучиле сојуз со видинскиот ајан Осман Пазваноглу, моќен османлиски феудалец кој ја контролирал територијата помеѓу Дунав и Стара Планина. Во 1797 година, јаничарите со помош на Пазваноглу го нападнале Белградскиот пашалак. Претставниците на централната власт и српските првенци започнале заедничка борба против јаничарите и нивниот сојузник. Во 1797 година, во пашалукот била формирана српска војска на чело со Станко Харбашиќ, која во април истата година броела околу 15 000 луѓе. Централната власт и српските сили успешно излегле на крај со јаничарите, а нивниот сојузник Пазваноглу во Видин бил опседнат во неговата тврдина.

Меѓутоа, во 1798 година состојбата од корен се изменила. Наполеон извршил инвазија врз Египет, а Османлиското Царство се нашла во тешка положба. Поради надворешниот пристисок, Високата Порта и султанот решиле да се спогодат со бунтовничите елеменити во провинциите, а на јаничарите им било дозволено да се вратат во Белградскиот пашалак под услов да му се потчинуваат на тогашниот белградски управник Хаџи Мустафа.

По враќањето, јаничарите се судриле со домашните оберкнезови и набргу истапиле и против самиот белградски паша. Хаџи Мустафа, неговиот син Дервиш-бег и српските првенци започнале борба против јаничарите. Но, во јули 1801 година јаничарите го освоиле Белград и го принудиле пашата да ја повлече својата војска. По заминувањето на регуларните османлиски сили и српската милиција во Ниш, на 15 декември, Хаџи Мустафа бил убиен, а власта се нашла во рацете на јаничарите и нивните водачи.

Владеење на дахиите мини|лево|150п|Илија Бирчанинмини|десно|300п|Авала Јаничарите не претставувале компактна целина туку биле поделени на повеќе групи на чело со одделени водачи кои започнале да водат борба помеѓу себе за превласт во пашалукот. По завршувањето на борбите помеѓу јаничарите, власта била поделена помеѓу четворица нивни водачи т.н дахии: Алија Кучук, Аганлиј, Мула Јусуф и Мехмед-ага Фочиќ. Секој дахија добил одделен дел од пашалукот, а веднаш по преземањето на власта, започнале со укинување на султановите поовластувања за христијанското население и го засилиле притисокот.

Високата Порта не можела да преземе ништо за да ја смири состојбата во пашалукот. Во Белград бил испратен Хасан-паша, меѓутоа тој не можел да ги контролира јаничарите. Портата плашејќи од можноста јаничарите да го повикаат Пазваноглу во Белград, решила да ги амнестира јаничарите и тоа со посебно писмо од 10 мај 1802 година.

Владеењето на јаничарите ги обединило сите оние кои не биле задоволни од таквата состојба. Во Земун се собрале повеќе приврзаници на поранешниот паша Хаџи Мустафа, Срби и Турци, а од нив најактивни биле Петар Ичко и поранешниот благајник Хасан бег, кој ја имал поддршката на повеќето спахии. Во летото 1802 година, тие се обиделе да организираат поголемо движење против дахиите, но поради прерано започнатата акција кај Пожаревац и Авала, движењето доживеало неуспех, а притисокот на дахиите врз спахиите се засилил. Незадоволните муслимани и христијани испратиле писмо во Цариград до султанот Селим III барајќи помош.

Во почетокот на 1803 година, дванаесет срспки кнеза одржале сосотаноок во ваљевската нахија, на средбата особено се истакнале Алекса Ненадовиќ и Илија Бирчанин. Српските кнезови се договориле за 8 месеци да започнат борба против дахиите. Некои од српските првенци одржале средба во Шумадија, каде што донеле слична одлука. Кон крајот на истата година, Алекса Ненадовиќ испратил писмо до австрискиот командант во Земун, мајорот Митезер во кое го известил дека Србите се во лоши односи со дахиите и дека најверојатно ќе до дојде до вооружена борба со нив.

Сеча на кнезовите мини|лево|150п|Алекса Ненадовиќмини|300п|Погубените српски првенци Сосема случајно писмото на Ненадовиќ се нашло во рацете на дахиите и решиле први да дејствуваат. На 4 февруари 1804 година, јаничарите го извршиле т.н Сеча на кнезовите во текот на оваа акција биле ликвидирани повеќе истакнати Срби, меѓу нив имало трговци, кнезови, свештеници, а особено на мета биле оние кои се истакнале во борбите против јаничарите.

Главните жаришта на акцијата биле во источниот и западниот дел на Белградскиот пашалук, како и во Шумадија. Меѓу првите жртви биле кнезот Алекса Ненедовиќ и Илија Бирчанин ликвидирани во Валево, потоа кнезот Петар во Ќуприја и многу други, а меѓу последните жртви бил Хаџи Рувим. Бројката за убиените лица не е точно позната и варира. Според писмото на Михајло Пејиќ испратено до Стефан Стратимировиќ, бројот на жртвите изнесува 72 души. Меѓутоа во писмото испратено од српските првенци до рускиот престваник во Цариград од 3 мај 1804 година се споменува бројка од 150 души.

Српските првенци кои се спасиле во т.н Сеча на кнезовите, еден дел од нив се засолниле, а други започнале да го организираат народот за борба против јаничарите во сите краеви на пашалукот. Во западниот дел на пашалукот, борбата била предводена од Јаков и Матеј Ненадовиќ, како и од Милош Обреновиќ. Во Шумадија, народот бил организиран и предводен од Караѓорѓе Петровиќ со помош на ајдучкиот војвода Станој Главаш. Во источниот дел на пашалукот, отпорот бил предводен од Миленко Стојковиќ, кнезот Момир Дугалуќ, Перта Добрњац и други Вук Караџић: Прва година Српскога војевања на даије, Даница, забавник за годину 1828., Беч, 1828Прилике у Београдском пашалуку 1790-1804. године и почетак Првог српског устанкаФилип Вишњић: Почетак буне против дахија.

Востание Прва етапа Во првата етапа, српските востаници не се побуниле против централната власт туку против јаничарите и нивните водачи. Во текот на овој период, востаниците ги продолжиле своите контакти и преговори со Високата Порта. Во оваа етапа, востаниците барале спроведување на ферманите издадени од султанот Селим III. Целта на востаниците била ослободување на пашалукот од дахиите, а не добивање на независност од султанот и Високата Порта. Востаниците во овој период сакале да добијат гаранции дека јаничарите ќе бидат протерани од пашалукот, како и укинување на нивната сопственост над земјоделските имоти. Собирот во Орашец мини|лево|150п|Караѓорѓе Петровиќмини|десно|300п|Собирот во Орашец Веднаш по т.н Сеча на кнезовите, во Шумадија најпрво средба одржале Ѓорѓе Петровиќ, кој од Османлиите бил наречен Караѓорѓе, Јанко Катиќ и Васо Чарапиќ, а набргу им се придружило локалното српско население и повеќе ајдуци, меѓу кои биле Станој Главаш и ајдукот Вељо.

По пристигнувањето на веста за подготовка на борбата против дахиите, се кренало и населението до другата страна на Колубара, тука се истакнале братот на Алекса Ненадовиќ, Јаков и свештеникот Лука Лазаревиќ. Слична била состојбата и од онаа страна на Морава каде што се истакнале Миленко Стојковиќ и Петар Теодоровиќ Добрњац. Набргу речисите сето машко христијанско население во Белградскиот пашалук се кренало на оружје.

На собирот на најугледните луѓе од Шумадија за водач на востаниците најпрво бил предложен Станоје Главаш, меѓутоа тој ја одбил понудата, а подоцна бил предложен кнезот еодосиј Маричевиќ, но и тој го одбил предлогот и на 14 февруари 1804 година на собирот во Орашец (Шумадија), од страна на 300 првенци од околината, за водач бил избран Караѓорѓе Петровиќ.