Far Cry 2 (скратено: FC2, транскр: Фар крај 2) — пукачка видеоигра од прво лице со отворен крај, изработена од Ubisoft Montreal и издадена од Ubisoft. Во продажба беше пуштена на 21 октомври 2008 во Северна Америка и на 23 октомври 2008 во Европа и Австралија. Стана достапна за преземање преку Steam на 22 октомври 2008.http://store.steampowered.com/app/19900/ Crytek, авторите на првата игра, не биле вмешани во изработката на Far Cry 2.

Ubisoft ја промовирале Far Cry 2 како вистинско продолжение на Far Cry, иако продолжението има многу малку приметливи сличности со првата игра. Има сосема различни ликови и приказна, како и стил на игра што му дава на играчот поголеми слободи во истражувањето на африканските пејзажи, како пустини, џунгли и савани. Дејствието се одвива во денешна источноафриканска држава која се справува со безредие и граѓанска војна. Играчот има улога на платеник со задача да го пронајде и отстрани „Чакалот“ (The Jackal), озлогласен препродавач на оружје.

none|thumb|Играчот истражува африканска џунгла држејќи RPG-7.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место

Категорија:Видеоигри од 2008 година Категорија:Far Cry Категорија:Пукачки игри од прво лице Категорија:Видеоигри што се одвиваат во Африка Категорија:Игри на Ubisoft Entertainment Категорија:Продолженија на видеоигри Категорија:Видеоигри од Канада Категорија:Игри за Windows Категорија:Игри за PlayStation 3 Категорија:Игри за Xbox 360 Категорија:Видеоигри со отворен свет __ИНДЕКС__