Кучињата () — семејство на кучевидни ѕверови. Во семејството припаѓаат лисиците, разни видови познати под името шакал, којоти, волци, но и домашните кучиња. Денес се распространети на сите континенти, но првично ги немало во Австралија, Нов Зеланд, Нова Гвинеја, Мадагаскар и Антарктик. Меѓутоа, денес тие се речиси насекаде припитомени со помош на човекот.
Кучињата се развиле во олигоценот на подрачјето на Северна Америка од животно кое било со големина на лисица и потсетувало на неа, но сè уште можело да ги вовлекува своите канџи.
Физички опис
Градбата на телото на кучињата на прв поглед не се разликува многу од тоа на мачките. Сите кучиња се со помал раст од оној на големите мачки. Телото им е витко, додека главата е мала, а издадената нуска е затапена. Трупот им е задлабен во пределот на слабините, а нозете се високи со мали шепи. На задните нозе кучињата поседуваат по четири целосно развиени прсти како и четири (кај родот Lycaon), односно пет (кај родовите Canis, Cyon, Icticyon, Otocyon) прсти на предните шепи. Силните канџи не се вовлекуваат во шепата, па затоа се тапи. Опашката не е долга, а често е обрасната со гривести влакна.
Имаат 42 заба, при што секогаш по четири преткатници од двете страни на горната и на долната вилица. Според тоа, забната формула е следна:
3.1.4.2 3.1.4.3
Формулата на првите "млечни" заби е: 3 1 3. Кога се млади, членовите на ова семејство немаат катници, додека како возрасни имаат по два на горната и три на долната вилица од секоја страна.Vgl. St. G. Mivart: Monograph of the canidae. London: R. H. Porter and Dulan, 1890. citirano u: Fox 1975.
Поседуваат крупни очи, а ушите им се зашилени и поголеми од мачкините. Женките имаат бројни млечни жлезди на градите и стомакот. Поплодни се од мачките и најчесто имаат четири до девет младенчиња, иако се познати и случаи со 18 и 23 младенчиња при едно парење.
Филогенетска поврзаност Кај кучињата (Canidae), резултатите на алозимските и хромозомските анализи сугерираат повеќе филогенетички поделби: Волци (Canis, Cuon и Lycaon) вклучително кучето (Canis lupus familiaris), сивиот волк (Canis lupus), црвениот волк (Canis rufus), источниот волк (Canis lycaon), којотот (Canis latrans), златниот шакал (Canis aureus), етиопскиот волк (Canis simensis), црногрбестиот шакал (Canis mesomelas), пругастиот шакал (Canis adustus), азискиот див пес (Cuon alpinus), и африканското диво куче (Lycaon pictus). Лисици (Vulpes), каде се вклучени џуџестата лисица (Vulpes velox), црвената лисица (Vulpes vulpes), ’ртската лисица (Vulpes chama), поларната лисица (Vulpes lagopus), и пустинската лисица (Vulpes zerda). Јужноамерикански кучиња, грмушарското куче (Speothos venaticus), бразилската сребрена лисица (Lycalopex uetulus), ракојадната лисица (Cerdocyon thous) и гривестиот волк. Разни монотипни видови, вклучително долгоушестата лисица (Otocyon megalotis), сивата лисица (Urocyon cinereoargenteus), и ракунскиот пес (Nyctereutes procyonoides). ДНК анализите покажуваат дека првите три форми формираат монофилетички клади. Волците и јужноамериканските кучиња заедно го формираат племето Canini. Молекуларните податоци укажуваат на североамериканското потекло на Canidae пред околу десет милиони години и африканско потекло на волците (Canis, Cuon и Lycaon), каде шакалите се најосновни во групата. Сивата лисица и исландската лисицата се основа за другите клади; меѓутоа, оваа типолошка разлика не е силно поддржана.
Долниот кладограм се заснова на Линдблад-Тох филогенијата (2005), преиначена за да ги вклучи последните откритија за видовите кучиња (Canis) и лисици (Vulpes) десно|мини|Грривест волк десно|мини|Африканско диво куче десно|мини|Сива лисица десно|мини|Грмушарско куче десно|мини|Долгоушеста лисица десно|мини|Ракунско куче десно|мини|Род Lycalopex: Кулпео, Пампас, Чила and Дарвинова лисица десно|мини|Род Лисици Vulpes: црвена лисицаРупелова лисица, степска лисица, бенгалска лисица, поларна лисица, Бланфордова лисица, Кама и пустинска лисица десно|мини|Род Кучиња Canis: сив волк, којот, африкански златен волк, етиопскиволк, златен шакалl, црногрбест шакал и пругаст шакал
Систематизација
+Племе Кучиња (Canini)Род Dusicyon десно|безрамка|226x226пксФолкландска лисица (Dusicyon australis)Род Pseudalopex Колпео (Pseudalopex culpaeus) Јужноамериканска сива лисица (Pseudalopex griseus) Дарвинова лисица (Pseudalopex fulvipes) Пампаска сива лисица (Pseudalopex gymnocercus) Сечуранска лисица (Pseudalopex sechurae) Ситнозабест пес (Pseudalopex vetulus)Род Atelocynus десно|безрамка|217x217пксКраткоушеста лисица (Atelocynus microtis)Род Canis Сив волк (Canis lupus), вклучително и домашно куче и динго Црвен волк (Canis rufus) Којот (Canis latrans) Златен шакал (Canis aureus) Црногрбест шакал (Canis mesomelas) Пругаст шакал (Canis adustus) Етиопски шакал (Canis simensis)Род Cerdocyon Ракојадна лисица (Cerdocyon thous)****Род Speothos Грмушарско куче (Speothos venaticus)Род Chrysocyon Гривест волк (Chrysocyon brachyurus)Род Nyctereutes Ракунско куче (Nyctereutes procyonoides)Род Cuon Азиско црвено куче (Cuon alpinus)Род Lycaon Африканско диво куче (Lycaon pictus) +
Племе Лисици (Vulpini)Род Alopexдесно|безрамка|238x238пкс Поларна лисица или арктичка лисица (Alopex lagopus)Род Vulpes Црвена лисица (Vulpes vulpes) Индиска лисица (Vulpes bengalensis) Бланфордова лисица (Vulpes cana) Кама (Vulpes chama) Степска лисица (Vulpes corsac) Тибетска песочна лисица (Vulpes ferrilata) Бледа лисица (Vulpes pallida) Рупелова лисица (Vulpes rueppelli) Степска лисица (Vulpes velox) Пустинска лисица (Vulpes zerda)Род Urocyon Сива лисица (Urocyon argenteus) Островска лисица (Urocyon littoralis)десно|безрамка|213x213пксРод Otocyon Долгоушеста лисица (Otocyon megalotis)
Поведение
Тешко е да се донесе заеднички заклучок за однесувањето на сите видови во ова семејство, бидејќи тие премногу се разликуваат меѓусебе. На пример, сите видови од ова семејство се по дефиниција месојади и затоа сите имаат нагон за лов и убивање, но тој значително се разликува меѓу волците и домашните кучиња.За ова видете, на пример, во: Zimen 2003: 47-49 (Оддел Unterschiede zwischen Wolf und Hund - "Разлики меѓу волкот и кучето")
Разликите во однесувањето кај, на пример, волците и лисиците се изразени уште кај младенчињата во времето меѓу четвртата и петтата недела од староста. Зоологот Ерик Зимен, набљудувајќи ги младенчињата, забележал дека младите лисици парчињата храна најпрво ги земаат и ги закопуваат некаде во околната средина и дури потоа започнуваат да ги јадат; младите волци најпрво јадат колку можат, а дури потоа ги закопуваат остатоците од храната.Zimen 2003: 40-42 (Abschn. Unterschiede bei Wolf und Fuchs).
Како слично однесување кај сите претставници од семејството на кучињата, Мајкл В. Фокс го опишува воведот во социјална средба меѓу припадниците на ист вид. Средбата започнува со заемно душкање на гениталното и аналното подрачје, но и делумно ушите, нуската и аналните жлезди. Душкањето на подрачјето на опашните жлезди е забележано само кај црвените, арктичките и сивите лисици, поретко кај прериските волци, но никогаш кај домашните кучиња, бидејќи тие многу ретко поседуваат опашни жлезди.Fox 1975: 66 f.
Делумно се забележани и исти начини на однесување и меѓу различни видови; така, Фокс ја опишува успешната покана за игра меѓу чивава и степски волк, со заемно покажување на подреденост меѓу младите којоти и волци, како и мигови од играта на возрасниот волк и возрасни црвени лисици.Fox 1975: 148 ff. (Оддел Zwischenartliche Verbindungen bei Caniden - "Врска меѓу различните видови на кучиња")
Литература Кучиња: Нивните фосилни предци и историја на еволуција Цицачи, Милутин Радовановиќ (1959)
Надворешни врски
Кучиња, (англиски) Енциклопедија Британика Волци, којоти и кучиња (Genus Canis), изложба, музеј Илиноис,САД
Наводи
Категорија:Цицачи Категорија:Ѕверови