Право е неделен весник, официјален орган на политичките и духовните интереси на бугарското население во Отоманското Царство, а подоцна станува орган на македонско-одринските интереси откако овие две области по Берлинскиот конгрес останале во рамките на империјата. Со текот на времето Право станува неофицијален орган на Македонскиот комитет од Софија и Македонската револуционерна организација, со што започнува да ги претставува интересите на македонското револуционерно движење.

Уредници

Го уредувале Васил Маков (главен уредник), Никола Наумов (главен уредник), од бројот 13 како уредници се јавуваат Христо Дојчинов и Тома Карајовов

Дејност

Македонското прашање и Одринско

Весникот во почетокот се занимавал со прашањето за Македонија и Одринско кој останале под управата на Отоманското Царство.

Првенствено биле разгледувани културните и духовните интереси на тамошното население, подобрување на положбата врз основа на членот 23 од Берлинскиот конгрес и спроведување на реформи.

Со засилувањето на македонското револуционерно движење весникот почнува да се занимава и со политички прашања и станува неофицијално гласило на Македонскиот комитет со што јавно се барало автономија на Македонија.

Неофицијален орган на МРО

По создавањето на Македонската револуционерна организација, односно по создавањето на нејзиното Задгранично претставништво, весникот станува неофицијален орган на Организацијата и ги пренесува нејзините ставови за решавање на Македонското прашање.

Според Пејо Јаворов, весникот ги претставувал личните ставови на Гоце Делчев меѓутоа треба да се истакне дека тој како задграничен претставник ги застапувал интересите и потребите на самата Организацијата.

Во овој весник е објавена и статијата на Ѓорче Петров под наслов Македонското ослободително дело на бугарска почва како и голем број на други текстови како што и ставот на Организацијата во однос на Македонското прашање:

Извори

Литертура

д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945) Скопје, 1980 д-р Боро Мокров - м-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993

Категорија:Бугарски весници Категорија:Весници на Македонската револуционерна организација