Симеон ІІ (Симеон Сакскобургготски) — бугарски политичар и цар на Бугарија од 1943 година.
Биографија мини|лево|Принц Симеон како престолонаследник.|258x258пкс Роден е на во Софија како прв син и престолонаследник на Цар Борис III и царица Јоана. Престолот го наследува по смртта на татко му, но поради малолетноста во негово име управува регентскиот совет. Откако во 1946 г. монархиjата во Бугариjа е укината после референдум на комунистите, регентскиот совет е осуден на смрт, а царското семејство емигрира во Египет, кај дедото на Симеон - поранешниот италијански крал Виктор Емануел. Во 1951 г. Симеон заминува во Шпанија, каде живее до 2001 г. Женет е за шпанската благородничка Маргарита Гомес-Асебо и Сехуeла (ќерка на маркиз и далечна роднина на крал Хуан Карлос). Симеон има четири синови и една ќерка.
Премиер Во 2001 г. во Бугариjа го основа Националното движење "Симеон Втори" (НДСВ). НДСВ ги добива парламентарните избори во јуни 2001 г. и Симеон Сакскобургготски ја формира коалиционата влада на НДСВ и ДПС. Тој е премиер на Бугариjа до 16 август 2005 г.
Предци
Категорија:Живи луѓе Категорија:Бугарски монарси Категорија:Трета бугарска држава Категорија:Династија Сакс-Кобург и Гота (Бугарија) Категорија:Велеофицери на Легијата на честа Категорија:Носители на орденот „За воена заслуга“ (Бугарија)