Афроамериканскиот мајчин англиски јазик (ААМА), исто така нарекуван афроамерикански англиски јазик, помалку прецизно црн англиски, црн мајчин, црн мајчин англиски (ЦМА) е афроамериканска варијанта (дијалект, етнолект или социолект) на американскиот англиски јазик. Меѓу луѓето некогаш е нарекуван ебонистички (термин што исто така има и други значења и силни конотации) . Неговиот изговор, до некои граници е сличен со јужно- американско англиската варијанта, која што е зборувана од многу афро- американци и многу луѓе што не се афроамериканци, а живеат во САД. Има мала регионална варијација на ААМА помеѓу оние коишто го зборуваат. Неколку креолисти, вклучувајќи ги Вилијам Стјуарт, Џон Дилард и Џон Рикфорд, расправале за многуте особеости кои ААМА ги дели со креолскиот дијалект зборуван од црнците во поглем дел од светот каде што ААМА е самиот креол, and , both citing , , , and . додека други остануваат на мислењето дека нема значајни паралели. Со сите јазичарички форми на неговата употреба влијаат годините, статусот, темата и местото. Оваа варијанта на англискиот јазик е доста користена во книжевноста, особено во афро- американската литература.
Преглед
AAMA дели неколку одлики со креолските англиски форми на јазикот, зборувани во голем дел од светот. ААМА има изговор, граматички структури и речник сличен на некои западно африкански јазици. ААМА дели многу особини со англискиот дијалект зборуван во Јужна Америка. Додека овие се повеќето регионализми (со други зборови, потекнуват од дијалект обично зборуван во една област, без разлика на расата) дел од нив – како што е бришењето на “is” – се употребувани многу почесто од црни говорители, што покажува на тоа дека тие го имаат своето потекло во црнечкиот говор. Особините кои ги одвојуваат од Стандардниот американско англиски говор ги вклучуваат: • Специфични изговорени одлики со дефинирани примероци, многу од кои се пронајдени во креолите и дијалектите на други популации во западно африканската лоза и кои исто се појавуваат во англиските дијалекти врз кои можат да влијаат западно африканските јазици, како што е англискиот на Њуфаундленд. • Различен вокабулар и • Различни употреби на времињата на глаголите. Раниот ААМА придонел за некои зборови од Африканско потекло да навлезат во Стандардниот американско англиски. ААМА придонел исто така за сленг изрази како cool или hip.
Потекло
Додека е познато дека помеѓу ААМА и јужно-американскиот англиски има тесна врска, уникатните особености на ААМА не се целосно објаснети и за неговото потекло сѐ уште се дебатира. Една теорија е дека ААМА се појавил од еден или повеќе креоли од робовите којшто се појавиле од Транс-Атлантското тргување со робови и потребата Африканските робови да комуницираат меѓусебно и со оние кои ги заробувале. Според оваа теорија тие робови ги развиле таканаречените пиџини (pidgin), поедноставена мешавина од два или повеќе јазици. Како што пиџин се создава од близок контакт помеѓу членови од различни јазични заедници, трговијата со робови била исто таква ситуација. До 1715 година, овој пиџин се појавил во новели на Даниел Дефо, поточно “Животот на колонијалниот Џек”. Во 1721, Котон Маер го спроведе првиот обид за снимање на говор на робови во неговите интервјуа кои се однесуваа на практиката на бележење на сипаницата. До времето на Американската револуција, варијантите помеѓу креолите на робови не беа сосема меѓусебно разбирливи. Цитат од сеќавањето на “робовски јазик” кон крајот на 18 век: “Kay, massa, you just leave me, me sit here, great fish jump up into da canoe, here he be, massa, fine fish, massa; me den very grad; den me sit very still, until another great fish jump into de canoe; but me fall asleep, massa, and no wake 'til you come…” Јазикот на робовите им стана познат на голем дел од образованите белци во времето на Американската граѓанска војна. Весниците пред војната формираа богат корпус на примери на креолски дијалект од плантажите. Во “Воен живот во црно мнозинство”, Томас Хигинсон детално претставил многу особености на јазикот на неговите војници. Неодамна, Шана Полак имаше обезбедено корпус–заснован доказ од изолирани области во Самана и Нова Шкотска, населени од потомците од рано ААМА-зборувачки групи, што предлага дека граматиката на раниот ААМА била поблиску до таа на привремениот британски дијалект отколку што е модерниот урбан ААМА на сегашните американски дијалекти, што укажува на тоа дека современиот јазик е резултат на несогласувањето на редовните варијанти, наместо на резултат на декреолизација на широко распространетиот американски креол.
Посебни особености Иако разликата помеѓу ААМА и атандардниот американско англиски е јасна на говорителите, некои особености , особено двојното негирање и изоставувањето на некои помошни глаголи, како што е “has” во “has been” се исто одлики на колоквијалниот американски англиски.
Време и начин ААМА не секогаш ја користи ознаката за минато време (тоа е –ed, пример worked), тој се одликува со дополнителен (по избор) систем со четири минати и две идни времиња или фази.
фаза пример
минато пред-скоро I been seen him неодамна She done work пред-сегашно We did sing минато начински I do sing сегашно We be singing идно непосредно I'm a-sing пост-непосредно I'm a-gonna do it недефинирано идно He gonna sing
Синтактички, she worked е граматички, но done (секогаш ненагласено) е употребено да го нагласи завршеното дејство. Како што фазните помошни глаголи, been и done, мора да се појавуваат како први помошни глаголи; кога се појавуваат како втори носат некои дополнителни гледишта. Пример He been done work значи дека “тој ја завршил со работата пред долго време” He done been work значи дека “до пред скоро, тој работел долг период” Вториот пример ја определува една од најразличните каратеристики на ААМА, која е употребата на глаголот be да покаже дека дејството на глаголот е од вообичаена природа. Во САА, ова само може разбирливо да се прикаже ако се употреби прилогот usually.
За да се види разликата помеѓу минато време и глаголската именка кога се употребени со глаголот been, да ги земеме предвид овие примери: Пример I been bought her clothes, што значи “ И купив облеки пред долго време” I been buyin’ her clothes значи “И имам купувано облеки долго време”
начин пример значење
постојан/продолжен начин He be workin' Tuesdays. He works frequently or habitually. интензивиран континуиран (вообичаено) He stay workin'. He is always working. интензивиран континуиран (не вообичаено) He steady workin'. He keeps on working. перфект прогресив He been workin'. He has been working. иреалис He finna go to work. He is about to go to work.
Во прилог на ова, come (кое што може или не мора да биде помошен глагол) може да биде употребено за да ја покаже огорченоста на говорителот, како во примерот Don’t come acting like you …
Негација Негацијата е различно формирана од таа во стандардниот американско англиски • Употребата на ain’t како општ негативен покажувач. Во други дијалекти, може да биде употребен каде што во атандардниот англиски би се употребило am ,not, isn’t, aren’t, haven’t и hasn’t. Како и да е, во обележан контекст со други варијанти на англиски во САД, некои говорители на ААМА исто така употребуваат ain’t наместо don’t или didn’t. Ain’t го има своето потекло во обичниот англиски, но станало повеќе стигматизирано во 19 век. • Негативното согласување, популарно познато како “двојна негација”, како во примерот I didn’t go nowhere; ако реченицата е негативна, сите негирани форми се негитивни. Ова е во контраст со атандардниот англиски, каде што двојниот негатив е сметан за неточен, освен ако не значи нешто позитивно. Ова е исто така “тројна” или “повеќекратна негација” , како на пример во реченицата I don’t know nothing about no one no more (Во Стандарден Англиски, “I don’t know anything about anyone anymore”) • Во негативна конструкција, недефинираната заменка, како на пример nobody или nothing може да биде заменета со негативна глаголска честичка за нагласување (пример Don’t nobody know the answer, Ain’t nothin’ goin’ on.)
Други граматички особености • Сврзникот be најчесто е испуштен, како и во рускиот, хебрејскиот, арапскиот и други јазици. На пример You crazy (You’re crazy) или She my sister (She’s my sister). Овој феномен исто така се сретнува во прашањата: Who you? (Who’re you?) или Where you at? (Where are you (at)?). Од друга страна нагласено is не може да се испушти. She is my sister. Општите правила се: - Само формите is и are (од кои второто и онака е заменето со is) можат да бидат испуштени кога се изговорени и со надгласок во атандардниот англиски - Овие форми не можат да бидат испуштени кога се изговорени со надгласок во атандардниот англиски - Овие форми не може да се испуштат кога соодветните форми во атандардниот англиски не можат да покажуваат скратеници (и обратно). - Можеби и други услови се применуваат исто така - Глаголите од сегашно време не добиваат наставки за број/лице: нема –s кое се додава на трето лице еднина сегашно време. Пример She write poetry. (She writes poetry.), слично was е употребен што во стандардниот англиски се значења за двете was и were. • Генитивниот –s завршеток може и не мора да е употребен. Ова е слично со многу креолски дијалекти од Карибите. Многу форми на јазици од светот ќе го искористат необележаниот позесив; тука може да се резултира со упростување на граматичките структури (пример my momma sister (“my mother’s sister”) ) • Зборовите it и they укажуваат на постоење на нешто еднакво на стандардно англиските форми there is или there are. • Изменета синтакса во прашањата: Why the ain’t growin’ ? (Why aren’t they growning?) и Who the hell she think she is? (Who the hell does she think she is? ). Недостаток на инверзија на стандардниот англиски. Поради ова нема потреба од помошен глагол do.
Лексички особености ААМА дели многу од својот лексикон со другите варијанти на англиски, особено оние од неформалните и јужните дијалекти. Сепак има неколку забележливи разлики меѓу овие два. Предложено е дека некои од речникот кои се единствени од ААМА, го носат своето потекло од западноафриканските јазици, етимологијата е најчесто тешка да се определи без трага и евидентирана употреба, предлозите подолу не можат да бидат докажани, во многу случаи, тврдените етимологии не се препознаени од јазичарите или од англискиот Оксфорд речник. • dig, што значи “да разбереш/цениш” • jazz • tote • bad-mouth ААМА исто така има зборови кои се или не се дел од стандардниот англиски или имаат огромни различни значења од нивата употреба во стандардниот американски англиски. На пример, има неколку зоборви во ААМА кои се однесуваат на бели луѓе кои не се дел од стандардниот американско англиски, овие ги вклучуваат употребата на gray како придавка за белци, можеби поради бојата на Конфедерациските униформи. Ofay, пејоратив, уште еден општ израз за белци. Kitchen се однесува на посебно виткана коса која се наоѓа на вратот. ААМА исто така придонел на различни зборови и фрази во други варијанти на англискиот јазик, вклучувајќи ги chillout, main squeeze, soul, funky, и threads.
Социјален контекст