Xbox е конзола за видеоигри од шестата генерација произведена од Microsoft. Издаден е на 15 ноември 2001 година во Северна Америка, 22 февруари 2002 во Јапонија и на 14 март 2002 во Австралија и Европа, и е претходникот на Xbox 360. Оваа конзола е првиот чекор на Microsoft во пазарот на играчки конзоли, а негови соперници беа PlayStation 2 од Sony, Dreamcast од Sega и GameCube од Nintendo. Вградената услуга Xbox Live им дозволува на играчите да играат на семрежјето.
Xbox престана да се произведува на крајот на 2006 година, иако последната игра за Xbox, Madden NFL 09, беше издадена во август 2008. Поддршката за Xbox конзоли без гаранција заврши на 2 март 2009 година; не се извршуваат поправки под гаранција, а фалични конзоли се заменуваат со Xbox 360. Поддршката за Xbox Live заврши на 15 април 2010 година.
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место на Xbox
Категорија:Играчки конзоли на Microsoft Категорија:Контроверзии околу видеоигри Категорија:Играчки конзоли од шестата генерација Категорија:Играчки од 2000-тите