Пеперугите (лат. Lepidoptera) образуваат голем ред на инсекти кој ги вбројува во себе молците и дневните пеперуги. Ова е еден од најбогатите со видови ред во светот чии претставници можат да се најдат речиси секаде. Обединува повеќе од 180 000 видови распоредени во 128 фамилии и 47 натсемејства. Името доаѓа од старогрчките зборови λεπίδος (лушпа) и πτερόν (крило). Проценките за видовото богатство укажуваат на тоа дека овој ред можеби има повеќе видови и се наоѓа меѓу четирите најголеми и најуспешни редови (Hymenoptera, Diptera и Coleoptera).

Најголема пеперутка во светот е пеперутката молец атлас која што е застапена во тропските шуми во Филипините . Крилјата се долги околу 30 сантиметри и имаат живописни бои .

Изглед thumb|лево|250px|Морфологија на Papilio machaon: A- предни крила; B - антена; C - сложено око; D - сурличка; E - торакс; F - нога; G- абдомен; H - задни крила; I - «cola» thumb|лево|250п|Микроскопска слика на пеперуткино крило. Пеперугите поседуваат два пара крила обраснати со лушпести влакненца кои се прекриваат како ќерамиди.

Кај пеперугите е чест половиот диморфизам кој е изразен во големината, обоеноста, крилата и пипалата. Мажјаците обично се пошарени и со поживи бои.

Кај некои пеперуги се јавуваат значителни разлики во бојата во согласност со годишното време (сезонски диморфизам).

Целосно развиените пеперуги се исхрануваат најмногу со нектар, поретко со полен, а кај некои системот за варење на храната е закржлавен и затоа тие не се хранат. Повеќето видови имаат многу долга сурличка (пробосцис или рилка) која е составена од изменет пар на магзили кои се споиле и образувале канал наменет за цицање. Кога не се исхрануваат, сурличката на пеперугите се намотува под главата со помош на една лента од мускули и еластично ткиво кое се наоѓа на врвот од каналот. Сурличката кај некои видови е долга 15 cm или повеќе, дозволувајќи им да цицаат нектар од цвеќињата со долг врат. Останатиот дел од усниот апарат е редуциран и нефункционален. Но, постојат и исклучоци - кај видовите од фам. Micropterigidae магзилите функционираат заедно со сурличката.

Телото им е влакнесто, а главата е слабо подвижна. Сложените очи се полукружни, а често поседуваат и две едноставни очи. Пипалата се состојат од многу членчиња, а можат да бидат: кончести, четинести, пилести, чешлести и перести. Градните сегменти се споени. Нозете им се слаби, а предните се намалени во нозе за чистење. Абдоменот се состои од 6 до 7 сегменти.

Предните крила најчесто се поголеми од задните. Без крилата, пеперугите можат да бидат долги меѓу 3 mm и 7 cm. Најголемиот меѓу нив, видот Ornithoptera alexandrae, може да има распон на крилата поголем и од 30 cm. Како најмала пеперуга се смета џуџестиот молец со распон на крилата од едвај 2 mm, додека најголема површина на крилата има Attacus atlas L. од Југоисточна Азија.izv. tekst Emmanuelle Paroissien, prir. Émilie Beaumont, prijevod Blanka Pašagić, hrv. i BiH izdanje NAŠA DJECA d.o.o. 2004. ISBN 953-171-500-9

Ларвите на пеперугите се нарекуваат гасеници (или еруциформни ларви). Најопшто, тие поседуваат цилиндрично сегментирано тело со добро развиена глава, три пара на вистински ноџиња на градниот дел и обично по пет пара на месести лажни ноџиња на 10-сегментниот абдомен. На секое лажно ноџе се наоѓаат куки со кои гасеницата лесно се прикрепува за подлогата. Гасениците на сите пеперуги поседуваат пар на свилени жлезди што всушност се силно изменети плунковни жлезди. Од отворите што се наоѓаат во основата на главата тие излачуваат леплива течност (свила) која многу брзо се суши.

Пеперугите како тема во уметноста и во популарната култура Пеперугите како тема во книжевноста „Деца и пеперуги“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 6. „Пеперуга со мртовечка глава и ’рбет“ - песна на францускиот писател Андре Бретон.Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 68-69. „За пеперутката и нејзиниот волшебен цвет“ - расказ на германскиот писател Рајнхард Јоханес Зорге.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 359-364. „Дете и пепрутка“ (српски: Дете и лептир) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 28. „Пеперуга“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.<ref>Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 45.</ref> „Пеперутката од Динар“ - кус расказ од истоимената збирка раскази на италијанскиот писател Еуџенио Монтале од 1960 година.Serđo Tukoni, „Euđenio Montale“, во: Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 162. „Пеперутка“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 32. „Пеперужна ревија“ — песна на Видое Подгорец.Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 73. „Наспроти Ху Шјен“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 133. „Песна за мртвата пепруга“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 24. „Пеперутка“ — песна на македонскиот писател Бошко Смаќоски.Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 40. „Пеперутка“ — песна на германскиот писател Херман Хесе.Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 34. „Пеперутка на светлоста“ — песна на шпанскиот поет Хуан Рамон Хименес.Huan Ramos Himenes, Ja nisam ja. Rad, Beograd, 1977, стр. 52. „Пеперуга со златна прав“ - расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 99-106.

Пеперугите како тема во музиката „Пеперуга“ (англиски: Butterfly) — песна на американскиот поп-пејач Скот Вокер од 1969 година.Scott Walker – Scott 3 (пристапено на 10.1.2024) „Пепруга“ (англиски: Butterfly) — песна на канадската музичарка Grimes од 2015 година.DISCOGS, Grimes (4) – Art Angels (пристапено на 30.8.2022) „Пеперуга“ (српски: Leptir) — песна на српската рок-група Електрични оргазам од 1982 година.Discogs, Električni Orgazam – Lišće Prekriva Lisabon (пристапено на 15.4.2021) „Црна пеперуга“ (српски: Crni leptir) — песна на српската рок-група YU Grupa од 1973 година.YouTube, YU Grupa – YU Grupa (1973) (пристапено на 23.11.2022) „Пеперуга“ (англиски: Butterfly) — песна на германската рок-група Кен (Can) од 1968 година. „Пеперуги“ (англиски: Butterflies) — песна на британската рок-група Калт (Cult) од 1984 година.Azlyrics, The Cult Lyrics (пристапено на 12.11.2016) „Пијана пепруга“ (англиски: Drunken Butterfly) — песна на американската рок-група Соник Јут (Sonic Youth'') од 1992 година.DISCOGS, Sonic Youth ‎– Dirty (пристапено на 20.7.2019)

Пеперугите како мотив во визуелните уметности „Куќа на пеперутките“ — фотографија на Коста Балабанов.Искра Донева, Небеска раскрсница. Скопје, 2009, стр. 64.

Галерија

Наводи

* Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј