За други значења на поимот Илинден воидете на појаснителната страница
Илинден — општина во источниот дел на Скопската Котлина, во северниот дел на Македонија. Основана е во септември 1996 година. На исток се граничи со Општина Куманово, на северозапад со Општина Арачиново, на запад со Град Скопје, а на југ со Општина Петровец. Главна приградска населба е Илинден (поранешно Белимбегово).
Географија thumb|300px|right|Табла за добредојде на почетокот на Општина Илинден, крај автопатот Е-75
Историја
Стопанство Околу 70% од земјиштето е земјоделски обработливо (претежно со житни култури), а на територијата на општината се наоѓаат и некои важни индустриско-стопански објекти како Рафинеријата за нафта ОКТА и Слободната економска зона Бунарџик.
Демографија Седиште на општината е населба Илинден (поранешно Белимбегово).
Општина Илинден брои 15.894 жители од кои:
13.959 (87,83 %) се Македонци 912 (5,74 %) се Срби 428 (2,69 %) се Роми 308 (2.21 %) се Албанци 17 (0,11 %) се Турци 1 (0,01 %) се Власи 225 (1,42 %) се други националности
Вероисповед Вкупно православни 14.928 муслимани 748 католици 13 протестанти 0 останати 205
Јазик Вкупномакедонски 14.459албански 447турски 15ромски 402влашки 0српски 453бошњачки 0 останати 118
Општина Илинден зафаќа површина од 97,02 км2 и има густина на населеност од 163,82 жители на км2.
Во состав на општината покрај населбата Илинден (Белимбегово) влегуваат уште 11 села: Ајватовци, Бујковци, Бунарџик, Бучинци, Дељадровци, Кадино, Марино, Миладиновци, Мралино, Мршевци и Текија.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Илинден е Александар Георгиевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 15 члена. Според последните локални избори од 2025 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот се:
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
ФК Илинден ФК Марино ФК Кадино ФК Мралино
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски Портал на Општина Илинден Општина Илинден во „АБВ - деловен именик“ „Профил на Општина Илинден“ , 2012.