мини|десно|350п|Поглед на Лох Дујх од северозапад со замокот Елан Донан (во средина), Лох Лонг (лево), Лох Алш (десно) и планините на Глен Шил (по средина во далечината) Лох Дујх (шкот. и англ. Loch Duich, шкот. гел. Loch Dubhthaich) е морски лох на западното крајбрежје на Шкотска во подрачјето на Шкотските Гори.
Историја Во 1719 г. британската војска запалила многу имоти крај лохот во текот на месецот пред Битката кај Глен Шил. мини|десно|350п||Лох Дујх и замокот Елан Донан со островот Скај во далечината Замокот Елан Донан Замокот Елан Донан стои на тромеѓата помеѓу Лох Дујх, Лох Лонг и Лох Алш.
Преданија Според една легенда, една вечер тројца браќа отишле на риба и биле восхитени од три девојки-фоки кои си ги искинале крзната, добиле човечки облик, и танцувале по песокот на месечевиот сјај. Тројцата браќа им ги украле крзната сакајќи трите девојки да ги земат за жени. Гледајќи ја нажаленоста на една од девојките, најмладиот брат ѝ го вратил крзното. Како благодарност за оваа добрина, таткото на момите му дозволил на момчето да ја посетува секоја деветта вечер. Жената на средниот брат му избегала откако си го нашла украденото крзно, а пак најстариот, за да спречи такво нешто го изгорел крзното на својата жена, но така случајно ја изгорел и жена си заедно со него.
Наводи Folklore, Myths and Legends of Britain (London: The Reader’s Digest Association, 1973), 444.
Надворешни врски
Карта на Лох Дујх и околината
Дјуих Категорија:Хајленд