Арамиската Пештера се наоѓа од левата долинска страна на реката Каменица, десна притока на Црна Река. Се состои од десцедентен канал и неколку споредни канали. Во крајниот јужен, долен дел на пештерата, егзистира пештерско езеро со должина од 12 метри. и просечна широчина од 2 метри. Измерената длабочина во езерото достигнува до 5 метри. Пештерата е релативно богата со украси (саливи, сталактити и сталагмити). Вкупната должина на Арамиската пештера изнесува 251 метар. Според категоризацијата на пештерите во Македонија, Арамиската Пештера спаѓа во категоријата Значајни пештериКолчаковски, Д. (1993). Категоризација на позначајните пештери во Република Македонија. Екол. Зашт. Живот. Сред., Кн. 1, Бр. 1. Скопје
Наводи
Категорија:Пештери во Македонија