Един Џеко (роден 17 март 1986) — босански фудбалер кој игра на позицијата напаѓач за италијанкиот клуб Фиорентина и фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина. Тој бил именуван за најдобар Босански фудбалер на годината три години по ред. Во Босна и Херцеговина, тој е познат како Босански дијамант. Пред да се приклучи на тимот на Рома, тој пружил добри игри во германскиот тим Волфсбург, со кој ја освоил Бундеслигата во сезоната 2008/09. Тој бил втор најдобар стрелец во лигата со 26 постигнати голови. Во сезоната 2009/10, Џеко бил најдобар стрелец со 22 постигнати голови. Тој исто така направил и десет асистенции во двете сезони. Исто така има играно и за екипите на Манчестер Сити, каде што во сезоната 2011-2012 година, ја освоил премиерлигата. Во краиерата има настапувано и за Железничар, ФК Теплице и ФК Усти над Лабем.
Наводи
Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Босански фудбалери Категорија:Луѓе од Сараево Категорија:Фудбалери на ФК Железничар Категорија:Фудбалери на ФК Теплице Категорија:Фудбалери на ФК Волфсбург Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Фенербахче Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026