Јакот е говедо што живее на високите тибетски висорамнини.

Особености Биковите растат до 1,8 м на рамената. Влакното на дивиот јак е црно и кратко, освен долгата, бушава реса на слабините и опашот. Роговите се шират надвор и нагоре; главата е пониско сместена. Дивите женки и младите живеат во големи стада; возрасните бикови формираат помали групи. Јаковите пасат трева и бараат многу вода, со што во зима јадат снег. Дивите јакови денес се на работ на исчезнување. Домашните јакови, кои се одгледуваат заедно со домашните говеда, се користат за млеко и за говедско месо. Од кожата се прави преработена кожа, од опашот се орави тепалка за муви, од рестата јажиња, а од исушениот измет гориво.Британика Енциклопедиски Речник

Јакот какко мотив во уметноста и во популарната култура „Тибетскиот јак“ — кус расказ за деца на ангискиот писател Доналд Басет од 1967 година.Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 40-42.

Наводи

Категорија:Цицачи Категорија:Парнокопитни