Голема ласица или хермелин () — животно кое спаѓа во семејството ласици.

Особености Неговото снежнобело крзно со векови ги украсувало кралските наметки и денес сè уште се користи во индустријата за крзно. Големите ласици живеат во Северна Америка и северна Евроазија. Најчести се на местата покриени со грмушки, шумски и полушумски предели. Во лето тие се кафени, со бела боја на грлата, градите и стомаците. Долги се 13-30 см, од кои опашката е долга 5-12 см и тежат помалку од 0,3 кг. Големи месојадци, ласиците се хранат со мали цицачи, птици, јајца, жаби и понекогаш со безрбетници. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, Скопје, 2006, книга 10, стр. 109, Хермелин - (Ermine)

Наводи

Категорија:Куни Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј