Свети Атанасиј — главна селска црква во тетовското село Брвеница, Македонија.

Црквата претставува парохиски храм на Брвеничката парохија.

Местоположба

мини|300п|лево|Поглед на црквата во 2009 година. Истата по нејзината обнова во 2018 година и доградбата од трите страни и новата фасада е со целосно изменет лик

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, во непосредна близина на основното училиште „Коста Рацин“.

Во дворот на црквата се наоѓаат две спомен-бисти, посветени на Дано Петрески и Жарко Кузмановски.

Историја

Црквата била изградена во 1922 година, а осветена во 1930 година. Подигната е врз темели на црква од 1628 година, исто така посветена на Атанасиј I Александриски.

Истражувачот Јован Трифуноски, пак, запишал дека селото добива нова црква во 1931 година, а претходно само се познавале стари дабови каде имало остатоци од стариот храм.

Во 2018 година започнале големи зафати на црквата, со што црквата била проширена во три насоки и со тоа се добил поголем наос. Целта била да се добие поголем простор во внатрешноста за да може да собере поголем број на верници. Старата црква останала внатре, без менување на олтарот. Во рамки на обновата и проширување била направени купола, камбанарија, крстилница, како и нов базен за верски обреди, а бил уреден и црковниот двор со зеленило и летниковци.

Архитектура

Најпрвин, црквата во 1922 година била изградена како еднокорабна со полукружна апсида од источната страна, додека во 2018 година било извршено доградување на црквата со доѕидување на јужниот и северниот кораб.

Фрескоживопис

Црквата поседува фрескоживопис, кој бил изработен во две фази. Постариот живопис е зачуван само во конхата на олтарната апсида од 1930 година, додека живописот од истиот период во куполата и на пандантифите бил изваден, но не бил вратен по доградувањето. Овој живопис бил изведен од Данаил Фрчкоски.

Новиот живопис е од периодот по 2000 година и се насликани куполата од централниот кораб, ѕидните и сводните површини во страничните кораби, како и во лачните отвори. Овој живопис бил изработен од Дејан и Тања Кратевски.

Галерија

Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Брвеничка парохија Брвеница

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Брвеница