Mишо Китаноски e новинар, публицист, поет и автор на телевизиски сценарија.

Животопис Роден е во 1941 година во Вевчани. Основно и средно образование завршил во Кавадарци, а виша школа и факултет во СкопјеМишо КитаноскиSOVREMENOST. Целиот работен век бил новинар, уредник и главен и одговорен уредник на весници, ревии и списанија. мини|241x241пкс|Насловна страна на студентскиот весник „Збор“ Мишо Китановски е дел од редакцискиот одбор на средношколскиот весник “Збор“, чиј прв број излегол на 1 февруари 1960 година во Кавадарци. Покрај Мишо членови на одборот биле: Васил Мукаетов и Петар Петрушевиќ, а имал и голем број на надворешни соработници.

Творештво Мишо Китановски е автор на две збирки песни за деца , а за возрасни книгите песни и раскази „Сите деца се исти“ и„Џамлии и лифтови“, „Потпис: Сандра“ (поезија за возрасни), „Прстен и парфем“ и десетина публицистички книги меѓу кои и „Бела книга, црно писмо, македонски индекс на забранети дела“, „Пиринска историска вистина (1944-1948), потоа „Децата бегалци од Егејска Македонија во Југославија“,„Летописи за македонските села“, „Хроника за музичкиот живот во Штип меѓу двете светски војни“, „Евреите во Штип од доселувањето до холокаустот“ како ѝ делото „Детството на Конески“. Работи како главен и одговорен уредник на ревијата „11 Март 1943“, гласило на еврејската заедница и уредник на најстарото македонско списание за литература, култура и уметност „Современост во Скопје.

Наводи

Надворешни врски

Интервју со Мишо Китаноски Деца Бегалци од Егејска Македонија во Југославија - од Мишо Китаноски и Ѓорѓи Доневски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски публицисти Категорија:Македонски поети Категорија:Луѓе од Вевчани