Сехово или Сеово (, Идомени, до 1926 г. Σέχοβο, Сехово) — село во Гевгелиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ, Грција. Населението брои 111 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, кои денес се една половина од жителите.

Географија Селото се наоѓа на самата граница со Р. Македонија, а на 20 км северно од градот Бојмица. Тука е граничниот премин Гевгелија - Сехово (Идомени) на железницата што води за Солун.

Историја Во Отоманското Царство Во судски спор од 1724 г. во кој се разгледувала жалбата на жителите на Кукушката каза против ајани, Сехово е претставено од неговиот кмет (или полномошник) Иван, син на Веселин.

Во XIX век Сехово било македонско село во Кукушката каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сеово (Seovo) било село во Кукушката (Авретхисарска) каза со 85 куќи сочинети од 394 жители Македонци. По Руско-турската војна од 1877–78 г. народното училиште во Сехово е затворено лично од струмичкиот патријаршиски митрополит Агатангел Папагригоријадис.Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 13 – 14.

Во 1895–1896 г. во селото е основан комитет на ВМОРО.„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 50, ISBN 954-9514-56-0 Меѓу 1896 и 1900 г. селото прешло под врховенството на Бугарската егзархија.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Сехово било село во Гевгелиската Каза со 800 жители, сите Македонци.

По Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него проработела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Сехово (Sehovo) имало 1.120 Македонци под Егзархијата и работело бугарско училиште.

Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Сеово било македонско со 250 куќи.

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни во Цеово имало 170 куќи на Македонци христијани.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението се намалило на само 150 жители бидејќи во војните поголем дел од жителите избегале, и еден дел се прибрал во Гевгелија. Сехово нстрадало и во Првата светска војна кога бугарските воени власти ги иселиле жителите во внатрешноста на Бугарија. По војната во селото се вратил само еден дел од жителите кои го обновиле. Во 1920 г. како такво е заведено со 235 жители. Во 1924 г. се иселило уште едно семејство во Бугарија, а грчката власт тука населила грчки колонисти, претежно од Источна Тракија. Во 1926 г. селото е преименувано во „Идомени“ по античкиот град Идомене, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. На пописот од 1928 г. Сехово се води како мешано староседелско-дојденско село со 532 жители, од кои 173 лица (49 семејства) биле грчки дојденци.

За време на Граѓанската војна еден дел од Македонците се иселиле.

+ Месности во Сехово преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Асар Άσάρ Палеја Παλαιά Курт Ада Κουρτ Άντά Ликониси Λυκονήσι месност на ЈИ од Сехово по десниот брег на Вардар Дадо Ντάντο Грија Γρηά месност на Ј од Сехово Насур Νασούρ Војдорема Βοϊδόρεμα Чаири Τσαΐρια Ливади Λιβάδι месност на ЈИ од Сехово по десниот брег на Вардар Крива Круша Κρίβα Κρούς Ахладија Αχλαδιά месност на И од Сехово по десниот брег на Вардар Коџа Омерли Κατζαμαρλί Камбос Κάμπος месност на З од Сехово и на С од Алчак Алчак Άλτσάκι Перасма Πέρασμα река и клисура на Ј од Алчак Нова Корија Νόβα Κουρί Дасос Δάσος возвишение на З од Сехово и на С од Алчак Мала Река Μάλα Ρέκα Потамаки Ποταμάκι река на СИ од Алчак, десна притока на Конска Река Дрок Ντρόκ Нерофагома Νεροφάγωμα горното течение на Мала Река

Население

Личности Аргир Манасиев (1872 — 1932) — револуционер и војвода на ВМРО. Костадинка Палазова (1939 — 2026) — позната македонска народна пејачка.

Наводи

Надворешни врски

Мрежно место на Сехово

Категорија:Сехово