Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во охридското село Лескоец.
Местоположба
Црквата е сместена во стариот дел на селото, а околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта, кои и денес се користат од селото.
Историја
Црквата била изградена во 1462 година. Оваа година е спомената и во ктиторскиот натпис од наосот. Како ктирот се јавува спахијата Тоде и неговата жена Булка, претставници на христијанското благородништво.
Архитектура
Градбата на црквата е еднокорабна, со полуоблест свод и тристрана апсида. Во 1989 година, на западната и на јужната страна, изграден е трем. Во 1990-тите години, црквата добила нов кров, нова припрата и камбанарија.
Во 1898 година црквата е обновена со тоа што е доѕидан трем од западната и јужната страна.
Фрескоживопис
Црквата поседува фрескоживопис, кој е добро сочуван.
Посебно треба да се истакнат композициите „Тајната вечера“, „Миење на нозете“, „Причестување на апостолите“ и сцените од „Маките на Христос“.
Галерија
Надворешноста
Внатрешноста
Поврзано Лескоец Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво Седма охридска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Лескоец (Охридско) Лескоец Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Охрид