Епл (англиски: Apple Inc.), порано позната како Apple Computer, Inc. — американска мултинационална корпорација со седиште во Купертино, Калифорнија која дизајнира, развива и продава електроника, компјутерски софтвер и лични сметачи. Нивните најпознати хардверски производи се линијата на компјутери Мак, iPod музички изведувач, iPhone паметен телефон и iPad таблет компјутери. Нивниот софтвер ги вклучува оперативните системи OS X и iOS, iTunes медиа пребарувачот, Safari пребарувачот и iLife и iWork места за креативност и производство. Компанијата беше основана на 1 април 1976 година и инкорпорирана како Apple Computer, Inc. на 3 јануари 1977. Зборот “компујтер”беше отстранет од нивното име на 9 јануари 2007 година, како рефлексија на променетиот фокус кон потрошувачката електроника после воведувањето на iPhone. Apple е втора по големина компанија за информациска технологија од страна на приходи после Samsung Electronics, и трета по големина по производство на мобилни телефони после Samsung и Nokia. Списанието Fortune го именуваше Apple Inc. како компанија на која најмногу и се восхитуваат во САД во 2008 и во светот од 2008 до 2012. Како и да е компанијата доби критики за работните практики на изведувачите и за своите еколошки и бизнис практики.

Од ноември 2012, Apple Inc. одржува 394 продавници на мало во 14 земји како и продавници на интернет Apple Store и iTunes Store. Таа е втора по големина јавна трговска инкорпорација во светот по пазарна капитализација со проценета вредност од 414 билиони долари од јануари 2013. Од 29 септември 2012 година компанијата има 72 800 постојано вработени со полно работно време и 3300 повремено вработени со полно работно време низ целиот свет. Вкупниот годишен приход низ светот во 2012 изнесувал 156 билиони долари. Во мај 2013, Apple Inc. достигна до топ 10 на листата на магазинот Fortune од 500 за првпат заземјаќи 6 позиции, 11 места погоре од претходната година. Историја 1976-1980: Основање и надградување

Apple Inc., првиот производ на Apple Inc., беше продаден како собрано коло и му недостасуваа основни делови како тастатура, монитор и куќиште. Сопственикот на овој уред додаде тастатура и дрвено куќиште. Apple Inc. беше основана на 1 април 1976 од Стив Џобс , Стив Возниак и Роналд Вејн за да ја продадат опремата за личниот сметач Apple I. Опремите беа рачни изработени од Wozniak и за првпат прикажани на јавноста во компјтерскиот клуб Homebrew. Apple I беше продаден како матична плоча (со CPU, RAM, и основни текстуални видео чипови) што е помалку од она што денес се смета за целосен личен сметач. Apple I започна да се продава во јули 1976 со цена на пазарот од 666.66 долари (2,690 долари во 2013, прилагодено на инфлацијата) Apple Inc. беше инкорпориран на 3 јануари 1977 без Вејн (Wayn) кој го продал својот дел од компанијата на Џобс и Возниак за 800 dolari. Мултимилионерот мајк Маркула обезбедил основна бизнис експертиза и финансирање од 250,000 долари за време на инкорпорацијата на Apple Inc.

Apple II беше претставен на 16 април 1977 на првиот компјутерски саем на Западниот брег. Тој се разликуваше од неговите големи соперници TRS-80 и Commodore PET, поради неговите графици во боја засновани на ќелиите за табеларни пресметки и отворената архитектура. Додека раните модели користеа обични касетни ленти како уреди за зачувување, тие беа заменети со воведувањето на флопи дискови 5 1/4 инчи и интерфејс, Диск II.

Apple II беше избран да биде десктоп платформа за првата килер апликација ("killer app") во светот на бизнисот, Визикалк (VisiCalc), програма за табеларни пресметувања. Визикалк (VisiCalc) создаваше бизнис маркет за Apple II и им овозможи на домашните корисници компатибилност со канцелариите што е додатна причина за да се купи Епл II (Apple II).Apple беше на далечното трето место до Commodore и Tandy сè додека не дојде VisiCalc. До крајот на 1970-тите, Apple Inc. имаше персонал од компјтерски дизајнери и производствена линија. Компанијата го претстави “несреќниот” Apple III во мај 1980 како обид да се натпреварува со ИБМ (IBM) и Микрософт (Microsoft) во бизнисот и корпоративниот компјутерски пазар. Џобс и неколку вработени воApple Inc., вклучувајќи го и Џеф Раскин , го посетија Xerox PARC во декември 1979 за да го видат Xerox Alto. Ксерокс му овозможи тридневен пристап до просториите на PARC на инженери на Apple Inc. во замена за опцијата да купи 100 000 акции (800,000 поделено –прилагодени акции) од Apple Inc. по цена од 10 долари по акција. Џобс веднаш беше убеден дека сите идни компјутери ќе користат графички кориснички интерфејс (GUI graphical user interface) и развивањето на графички кориснички интерфејс (GUI) започна со Епл Лиса. На 12 декември 1980, Apple Inc.излезе во јавност со 22 долари за акција , генерирајќи повеќе капитал отколку било кој ИПО од Компанијата Форд Моторс во 1956 и веднаш создаваше повеќе милионери отколку било која компанија.

1981–1985: Лиза и Мекинтош thumb|Првиот Мекинтош, направен во 1984 Стив Џобс започнал да работи на Apple Lisa во 1978, но во 1982 тој бил отстранет од тимот поради заткулисни пресметки. Џобс го презел ниско буџетниот компјутерски проект на Џеф Раскин, Макинтош. Избила трка помеѓу тимот на Lisa и тимот на Macintosh за тоа чиј производ ќе излезе прв. Лиза ја доби битката и во 1983 стана првиот личен сметач продаден на јавноста со GUI (графички кориснички интерфејс) но беше комерцијален неуспех поради високата цена и ограничените софтврески можности. Првиот Мекинтош излезе во 1984. Во 1984, Apple Inc. потоа го ласнираше Мекинтош. Неговото деби беше објавено на сега познатата телевизиската реклама вредна 1,5 милиони долари "1984". Таа беше режирана од Ридли Скот и беше емитувана за време на третата четвртина од Super Bowl XVIII на 22 јануари 1984. Таа сега се смета за пресвртница за успехот на Apple Inc. и како „ремек-дело“. На почетокот Мекинтош се продавал добро , но продажбите кои следеа не биле добри поради високата цена и ограничените софтверски можности. Среќата на машината се сменила со претставувањето на Laser writer, првиот Post Script ласерски печатач кој бил понуден по разумна цена, и PageMaker ран десктоп издавачки пакет. Беше предложено дека комбинација од овие три производи била одговорна за создавање на десктоп издавачки пазар. Mak (Mac) беше особено моќен во десктоп издавачкиот пазар како резултат на напредните графички способности, кои биле неопходно изградени за да го создаваат интиутивниот графички кориснички интерфејс на Macintosh GUI. Во 1985 моќна борба се разви помеѓу Џобс и Џон Скули извршен директор, кој бил најмен пред две години. Одборот на директори од Apple Inc. му давале инструкции на Скули да го “следи” Џобс и да ја ограничи неговата способност да лансира скапи упади во нетестирани производи. Наместо да ги послуша насоките на Скули , Џобс се обидел да го отстрани него од водечката улога во Apple Inc.. Скули дознал дека Џобс се обидува да организира пуч и повикал состанок на одборот на кој Одборот на директори на Apple Inc. застанал на негова страна и го остраниле Џобс од неговите менаџерски должности. Џобс поднел оставка од Apple Inc. и ја основал Некст Инк. истата година.

1986-1997: Опаѓање

Портаблот Мекинтош бил претставен во 1989 и бил дизајниран да биде моќен колку и декстоп Мекинтош, но тежел гломазни 7.5 килограми (17 lb) со дванаесет часовна батерија. После Портаблот Мекинтош, Apple Inc. го вовел и PowerBook во 1991. Истата година, Apple Inc. го вовел и Систем 7, голема надградба на оперативниот систем којшто додал боја во интерфејсот и воведил нови мрежни способности. Тој останал архитектурна база за Mac OS до 2001.

Успехот на PowerBook и другите производи донеле зголемен приход. Некое време на Apple Inc. му одеше неворојатно добро, воведувајќи нови свежи производи и генерирајќи профит во процесот. Магазинот MacAddice го именувал периодот помеѓу 1989 и 1991 како "прво златно доба" на Мекинтош. Следејќи го успехот на Macintosh LC, Apple Inc. воведе Центрис (Centris) линија, ниската Quadra понуда, и несреќната Performa линија која беше продавана со неверојатен број на конфигурации и софтверски снопчиња за да се избегне натпреварување со различните потрошувачки места како Sears, Price Club), и Wal-Mart (основните дилери на овие модели. Потрошувачите беа збунети и не ги разбираа разликите помеѓу моделите.

За ова време Apple Inc. експериментираше со бројни неупсешни производи кои беа цел на потрошувачите, дигитални камери, портабле ЦД аудио изведувачи, звучници, видео консоли и ТВ додатоци. Огромни средства беа исто така инвестирани во проблематичната Њутн дивизија заснована на нереалната пазарна прогноза на Џон Скули. На крајот ниеден од овие производи не помогна и пазарот на Apple Inc. и цените на акции почнаа да опаѓаат.

Apple Inc. ги гледаше Apple II сериите како премногу скапи за да ги произведуваат, додека ги преземаше продажбите од евтиниот Мекинтош. Во 1990, Apple Inc. го пушти Macintosh LC со единечен слот за експанзија за Apple II и картичката што ги пренесе корисниците на Apple II на платформата на Мекинтош. Apple Inc. престана да го продава Apple II во 1993.

Микрософт продолжи да го добива пазарот со Windows фокосирајќи се на испорака на софтвер на евтини лични сметачи додека Apple Inc. испорачуваше богат инженерски, но скап, со искуство кој се потпирал на маргините на високиот профит и никогаш не развил јасен одговор. Наместо тоа тие ги тужеа Microsoft за користење на графички кориснички интерфејс сличен на оној на Епл Лиса во Епл Компјутери . против Микрософт Корпорација. Тужбата се влечеше со години пред да биде конечно отфрлена. Во исто време серија од големи производствени неуспеси и пропуштени рокови ја урнаа репутацијата на Apple Inc. и Скули беше заменет со мајкл Спиндлер.

Њутн беше првиот упад на Apple Inc. на ПДА пазарите, а исто така и прв на пазарот. И покрај тоа што беше финасиски пораз во времето на неговото појавување, тој помогна да се расчисти патот за Палм Пилот и iPhone и iPad на Apple Inc. во иднина. До раните 1990-ти, Apple Inc. развиваше алтернативни платформи на Мекинтош, како A/UX. Apple Inc. исто така започна со експериментирање во обезбедувањето на онлајн портал којшто тие го нарекоа еВорлд (eWorld), развиен во соработка со Америка онлајн (America Online) и дизајнираше Мак-френдли алтернатива за другите онлајн услуги како CompuServe. Мекинтош платформата самата по себе стануваше застарена бидејќи не беше создадена за извршување на повеќе задачи и неколку важни софтверски рутини биле програмирани директно во хардверот. Во дополнение, Apple Inc. се соочуваше со конкуренција од OS/2 и UNIX продавачи како Sun Microsystems. Мекинтош ќе треба да биде заменет со нова платформа или преработен за да може да работи на помоќен хардвер. Во 1994, Apple Inc. се здружи со ИБМ и Моторола во АИМ ) алијанса. Целта беше да создаваат нова компјутерска платформа (the PowerPC Reference Platform), која ќе го користи хардверот на ИБМ и Моторола дуплиран со софтверот на Apple Inc.. Алијансата на АИМ се надеваше дека перформансите на PreP и софтверот на Apple Inc. ќе го остават персоналниот компјтер далеку зад себе, и на тој начин борбата против Микрософт. Истата година, Apple Inc. го воведе Power Macintosh, првиот од многуте Епл (Apple) компјутери кои го користат обработувачот на Моторола (Motorola's PowerPC processor). Во 1996, мајкл Спиндлер беше заменет со Џил Амелио како извршен директор. Џил Амелио направи многу промени во Apple Inc., вклучувајќи големи отпуштања. После бројни неуспешни обиди да го подобри Мак ОС (Mac OS), прво со проектот Талигент (Taligent project), подоцна со Copland и Gershwin, Амелио избра да го купи NeXT и неговиот NeXTSTEP оперативен систем, носејќи го Стив Џобс назад во Apple Inc. како советник. На 9 јули 1997, Џил Амелио беше истеран од Одборот на Директори после надгледување на тригодишна ниска цена на акциите на пазарот и осакатени финансиски загуби. Џобс стана привремен извршен директор и започна со реконструирање на производствената линија на компанијата.