Свети Димитриј — главна селска црква во дебарското село Пареши, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа на самиот влез во селото Пареши, во неговиот јужен дел.

Историја

Камен-темелникот на црквата бил поставен на 12 март 1910 година во присуство на дебарскиот архијерејски намесник Трпе Симоновски, намесникот Стефан, како и свештениците Арсо, Блаже и Серафим. Основен ктитор на црквата е Димитар Спасов, кој дал 20 наполеони.Дебарски глас, година 1, број 51, 21 март 1910, стр. 4.

Денешната градба на црквата е изградена во поново време на постари темели. Осветена е во 1993 година.

Галерија

Поврзано Дебарско архијерејско намесништво Дебарско-реканска парохија Пареши

Наводи

Надворешни врски

Пареши Категорија:Пареши Категорија:Македонската архитектура во 1993 година