„Тесна кожа“ е југословенски филм од 1982 година. Сценариото на филмот го напишал Синиша Павиќ, додека режисер е Миќо Милошевиќ. Главните улоги ги толкуваат: Никола Симиќ, Милан Гутовиќ, Ружица Сокиќ, Рахела Ферари, Јелица Сретеновиќ и Ирфан Менсур.РТС, Тесна кожа (пристапено на 31.12.2021) Филмот се стекнал со голема гледаност во поранешната СФРЈ и имал уште три продолженија. По завршувањето на четвртиот дел, во Србија била снимена серија со наслов „Бела лаѓа“ која е продолжеток на серијалот „Тесна кожа“.
Синопсис Референтот Мита секојдневно се соочува со проблеми во домот и на работното место. Неговиот најмлад син се мачи на училиштето и сонува за „Хонда“, постариот син е вечен апсолвент по астрономија, а ќерка му е дипломирана правничка која безуспешно бара работа. Сите тие имаат свои потреби, а неговата плата е мала и недоволна за семејните желби. Од друга страна, во неговата фирма цути корупцијата и владее општ хаос така што спортската прогноза му е последната прилика да се извлече од тесната кожа...
Продолжетоци Вториот дел на серијалот бил снимен пет години подоцна, во 1987 година. Третиот дел бил снимен во 1988 година, додека последниот со тој наслов бил сниман во 1991 година. Во секој дел од серијалот учествувала по некоја позната ѕвезда од југословенската естрада, како на пример Лепа Брена, „Рокери од Морава“ и Сузана Перовиќ, Зорица Марковиќ и Снежана Бабиќ. Сценариото било напишано од Синиша Павиќ, а режисери биле Александар Ѓорѓевиќ (на третиот дел) и Милан Живковиќ (на вториот и четвртиот дел).
Улоги Редовните ликови/ глумци во серијалот се: Никола Симиќ - сите четири дела Милан Гутовиќ - четири Ружица Сокиќ - четири Гојко Балетиќ - четири Александар Тодоровиќ - четири Елица Сретеновиќ - четири Даница Максимовиќ - три Воислав Брајовиќ - три Рахела Ферари - три
Поврзано „Тесна кожа 2“ „Тесна кожа 3“ „Тесна кожа 4“
Надворешни врски Преглед на New York Times
Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови од 1982 година Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови на Миќа Милошевиќ Категорија:Филмови со Никола Симиќ Категорија:Филмови со Милан Гутовиќ Категорија:Филмови со Ружица Сокиќ Категорија:Филмови со Гојко Балетиќ Категорија:Филмови со Александар Тодоровиќ Категорија:Филмови со Јелица Сретеновиќ Категорија:Филмови со Даница Максимовиќ Категорија:Филмови со Рахела Ферари Категорија:Филмови со Ирфан Менсур