right|250px|thumb|Страница од Хинду календар 1871–1872 Календар е систем за организирање на деновите со општествени, религиозни или административни цели. Ова се прави со тоа што им се даваат имиња на одредени временски периоди, денови, недели, месеци и години. Месеците и годините најчесто се во склад со движењето на Сонцето и Месечината. Повеќето цивилизации својот календар го направиле со приспособување на постар модел на календар, преземен од друг народ.
Зборот календар доаѓа од латинскиот kalendae, што било назив за првиот ден од секој месец.New Shorter Oxford English Dictionary
Видови на календари Наједноставниот календар е јулијанскиот календар, кој едноставно ги брои деновите после одреден датум. Други видови на календари се:
календар кој ги брои само седмиците - не е во општа употреба. година, месец, ден - најчест вид на календар, меѓу кои спаѓаат грегоријанскиот календар, исламскиот календар и еврејскиот календар. Месечев календар - во склад со движењето на Месечината, пример е Исламскиот календар. Сончев календар - во склад со движењето на Сонцето, односно сезоните, пример е Персискиот календар. Месечево-сончев календар - е комбинација на пресметките за Месечината и Сонцето заедно, пример е традиционалниот календар во Кина и Хинду календарот во Индија. Календар кој е во склад со движењето на Венера, каков што биле календарите во древен Египет.
Најчесто календарите содржат повеќе од еден тип на циклус, каков што е на пример грегоријанскиот календар, кој не зависи од седмиците, но датумот се искажува не само со бројката на денот од месецот, туку и со името на денот од седмицата.Zerubavel, The Seven Day Circle (University of Chicago Press, 1985). Обично, системот на искажување на деновите во бројки, не ги изместува деновите во седмицата, кои си продолжуваат непрекинато.
Најголемиот број на календари содржат поими како ден, месец и година. Сончевиот календар го следи циклусот на сезоните, традиционално користен за планирање на земјоделските активности. Во месечевиот, еден месец е еднаков на еден циклус од мените на Месечината. Бидејќи бројот на денови во една сончева година не е цел број, ова е решено со додавање на денот 29 февруари на секоја четврта односно престапна година. Истото се случува и во месечевиот календар. Ова е познато како интеркалација.
За општите потреби во една држава, заради регулирање на активностите, направени се временските поделби на помали или поголеми периоди, како на пример недела, деценија, век, милениум.
Календарот како тема во уметноста и во популарната култура „Календар“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.Блаже Конески, Црн овен. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 22. „Календарите на господинот Когито“ — песна на полскиот поет Збигњев Херберт.Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 203-206. „Календари и часовници“ (англиски: Calendars And Clocks) — песна на британската рок-група Корал (The Coral) од 2002 година.Discogs, The Coral - The Coral (пристапено на 14.4.2022)
Поврзано Грегоријански календар Јулијански календар Византиски календар Антички македонски календар Православен календар Список на календари Време
Дополнителна литература
Надворешни врски Календар англиски Изумот на календарот во древните времиња англиски
Наводи