Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република ― музеј кој се наоѓа во Крушево, Македонија. Куќата е заведена како Културно наследство на Македонија под називот Куќа во која е прогласена Крушевската Република, ул. „Таки Бербер“ бр. 44а. Музејот е под јурисдикција на Историскиот музеј - Крушево. Музејот е сместен во староградска куќа која датира од 19 век и припаѓала на браќата Наум Томалевски и Ѓорги Томалевски.www.visitkrusevo.com.mk Ова била куќата во која во 1903 година била прогласена Крушевската Република.
Како музеј и поставки Тука се сместени изворни експонати од оружје, карти, фотографии со што хронолошки се изнесени настаните поврзани со илинденската епопеја.
Музејот бил отворен на 2 август 1953 година по повод 50-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Во музејот се изложени оригинални фотографии од членовите на Привремената влада, Советот и востанички чети, карти, предмети со кои се служеле Никола Карев, Питу Гули, макети, текстови, Крушевскиот Манифест, Одзивот на Илинденското востание и Крушевската Република во странскиот печат, циферблатот на црквата „Св. Никола“ опожарена за време на задушувањето на востанието. Тука се и податоците за големите човечки и материјални штети кои му биле нанесени на градот од страна на османлискиот аскер.
Галерија
Наводи
Илинденско востание и Крушевската Република Категорија:Крушевска Република Категорија:Историски музеи во Македонија Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Крушево