Јован Стрезовски (Подгорци, Струга, 26 април 1931) — македонски поет, раскажувач и романописец. Стрезовски е долгоодишен издавач на поезија и проза за деца и возрасни и бил долгогодишен директор на Струшките вечери на поезијата.
Животопис Стрезовски е роден на 26 април 1931 година во струшкото село Подгорци. Своето основно училиште го завршил во СР Србија, каде зашрил и гимназиско образование во Крагуевац. Своето образование го продолжил на учитеската школа во Битола. Во Скопје во завршил и високот образование, како апсолвент на Филозофски факултет.
По завршувањето на образованието неколку години работел како учител во струшко. Подоцна работел и како новинар во Радио Скопје, а понатака станал и директор на основно училиште како и директор на Cредношколски училиштен центар во Струга.
Стрезовски бил долгогодишен директор на Струшките вечери на поезијата.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 250 - 251.
Живее и твори во Струга.
Творештво Поетски книги: „Шепоти" (1958), "Чекори во времето" (1968), "Орфеј на бескрајот“(1971), "Велебилје"(1985), "Блик"(1999), "Сјај и пепел“(2005), „Слоеви“(2009), „Мигот и вечноста“(2013), "Полнотија“(2014), "Времено и трајно“(2016), "Ништо не е конечно“(2018), "Светли и темни ѕвезди во душата“ (2020), "Златоносни наноси“ (2023).
Раскази: "Луѓе со лузни"(1961), "Тајни"(1989), "Сили"(1992), "Живот и соништа"(2007), "Книга на животот“ (2011), "Врати кон неоткриеното“(2017),
"Чувар на тајни“ (2019), "Додека трае убвината“(2022).
Романи: „Вода“(1972), „Свето проклето“ (1978), „Зарек“ (1981), „Јанза“(1986 ), „Злодобро“ (1990), „Еретик“ (1994), „Животраг“ (1995), „Последно прибежиште“(2003).
За деца и млади: „Светулка“ (1957) песни, „Последниот фишек“ (1968) раскази, „Шарени песни“(1979) песни, "Зелени очила“ (1960) раскази, "Патот до зората“ (1962) роман, "Дружината братско стебло“ (1964) роман, "Шарено огледало“ (1965) песни, "Од Северен до Јужен пол“ (1966) песни, „Синови“ (1968) роман, "Езерски цвет“ (1973) песни, „Саатот кукавица“ (1978) роман, "Езерски сон“ (1990) песни, "Чуден свет“ (1991) песни, „Кој е кој“ (1991) гатанки, "Прва љубов“ (1995) раскази, „Свет во свет“ (2001) песни, „Детски крал“ (2002) песни.
Сценарија и драми: „Време, води“ игран филм (1980), „Илинка“,ТВ драма (1975)
Книги преведени на други јазици: "Fisheku i fundit" Detska radost, Skopje, (1964); "Son fisek" Sevinc, Skopje, (1968); "Vodа" Svetlost, Sarajevo, BiH, (1975); "Орфеј бескраја" Багдала, Крушевац, Србија, (1975); "Tarimul de la miazaazi" Dacia, Romanija, (1979); "Свето проклето" Народна књига, Београд, Србија, (1980); "Шарено огледало" Народна библиотека Радослав Љумовиќ, Титоград, Црна Гора, (1982); "Зарек" Графос, Београд, Србија, (1983); "Voda" Widawnistvo Lodzkie, Lodz, Polska, (1983); "Cartea urstei" Cartea romaneasca, Bucuresti, Romania, (1983); "Strepnja" Rad, Beograd, Srbija, (1988); "Душа и земја" Графос, Београд, Србија, (1988); "Страх" Радуга, Москва, Русија, (1989); "Братско дерево" Детскаја литература, Москва, Русија, (1990); "Злодобро" Графос, Београд, Србија, (1991); "Romanul Lui Tirpe Rabdatorul Sial Tinei Zaharel" Editura Orient Occident sal, Bucuresti, Romanija, (1993); "Корен" Фонд имени М. Лермонтова, Москва, (1996); "Water (Вода) (на англиски) " Проект на Министерството за култура на Република Македонија. Народна и универзитетска билиотека „Климент Охридски“, Скопје, (2011).
Книгите „Тајни„ (1989) и „Сили“ (1992) содржат над сто кратки раскази од кои три се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 45-48. „Белешки за автор(к)ите“, во: Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 355.
Награди Награда „Радио-телевизија Скопје" за романот „Дружината братско стебло“ (1964) Награда „11 Октомври“ Државна награда за култура и уметност за романот „Вода“(1972) Награда „Стале Попов“ за романот „Свето проклето“на Друштвото на писателите на Македонија (1978) Награда „Гоцева повелба“ за творечки опус (1991) Награда „Книжевно жезло“ на Друштвото на писателите на Македонија (2006) Награда „Ацо Шопов“ за Слоеви на Друштвото на писателите на Македонија (2010) Награда „Державин“ за стихозбирката „Времено и трајно“; Прв добитник на наградата „Державин“ е поетот Јован Стрезовски (2016) Награда "Стале Попов" на Друштвото на писателите на Македонија за расказите „Чувар на тајни“(2020)
Значење и влијание Својата песна „Волкот“ македонскиот поет Анте Поповски му ја посветил на Јован Стрезовски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 41.
Наводи
Надворешна врска Јован Стрезовски на страницата на Институтот за македонска литература. Јован Стрезовски на Македонската енциклопедија. Јован Стрезовски на Кинотека на Македонија.
Категорија:Родени во 1931 година Категорија:Луѓе од Подгорци Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски новинари Категорија:Југословенски поети Категорија:Југословенски новинари Категорија:Добитници на наградата „Книжевен жезол“ Категорија:Добитници на наградата „Державин“ Категорија:Добитници на наградата „Ацо Шопов“ Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје