Петре Латиновски ( во Радишани — ) — поранешен градоначалник на Општина Бутел во периодот од 2005 до 2017 година. На функцијата е избран на локалните избори во 2005 година.„Градоначалници на долги патеки“ од Утрински Весник (13.03.2013), проверено на 22 мај 2013

Животопис Тој бил роден во село Радишани. Дипломирал на Природно математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, отсек географија. Од 1978 до 1999 г. работи како професор во ДСУ за економија и биротехника „Арсени Јовков”. Од 1999 до 2003 година, тој бил директор на истоименото училиште. Во 2005 година, тој станал градоначалник на Општина Бутел и бил на функцијата сè до 2017 година.

Петре Латиновски бил оженет, татко на две деца и дедо на четири внучиња.

Наводи

Надворешни врски Општина Бутел - Градоначалник Профил на Петре Латиновски

Категорија:Градоначалници на Општина Бутел Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ