Мето Петровски — македонски снимател, филмски и телевизиски режисер, роден во 1935 година во с.Иванчишта, Кичевско. Завршил Филмска школа во Белград, на отсекот за филмски снимател, а специјализирал во Загреб.
Режирал повеќе од 60 документарни и кусометражни филмови и многу телевизиски емисии. Се вработил во Вардар Филм и како режисер дебитирал со докуменатарниот филм „Селидби“.Македонска ретроспектива Со документарниот филм „Вирово“ учествувал на Филмскиот фестивал во Кан, Франција.
Добитник е на наградата Златен медал на фестивалот за краток филм во Белград, Србија и други награди и признанија.Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 7, стр. 170
Починал на во Скопје.
Наводи
Категорија:Македонски сниматели Категорија:Македонски режисери Категорија:Родени во 1935 година Категорија:Иванчишта