Halo: Reach — пукачка видеоигра од прво лице изработена од Bungie и објавена од Microsoft Game Studios за играчката конзолата Xbox 360. Reach бил издаден во Северна Америка, Австралија и Европа на 14 септември 2010. Службено најавена на E3 2009, Reach бил претходен од бета-верзија што била достапна на оние што ја купиле Halo 3: ODST, со намера да се добие осврт од играчите за поправање на грешки и менување на стилот на играта. Reach е последната игра во серијата изработена од страна на Bungie, бидејќи студиото на Microsoft, Halo Studios ќе ги изработува следните наслови од серијата.
Наводи
Категорија:Видеоигри со здружена игра Категорија:Научнофанатастични видеоигри Категорија:Ретропродолженија на видеоигри Категорија:Игри за Xbox 360