Меѓународнен математички сојуз или ММС (, IMU) — меѓународна невладина организација посветена на соработка помеѓу земјите на полето на математиката. Организацијата е членка на Меѓународниот совет за наука (ICSU) и пружа поддршка на Меѓународниот конгрес на математичарите. Во неа членуваат математички организации од 65 земји. Основана е во 1919 г., но распуштена во 1936 и повторно заживеана во 1951 г. Во 2010 г. Берлин е избран за постојано седиште на организацијата.

Наградна дејност На своите заседанија (еднаш на четири години), сојузот ја доделува врвната математичка награда „Филдсов медал“ за млади успешни математичари со извонредни придонеси за математиката.

Членки Земји-членки: Придружни членови: Екваторско математичко друштво (SEdeM) Математичко друштво на Киргистан Математичко здружение на Кенија (MAK) Математичко здружение на Тајланд - Центар за унапредување на математичкото истражување на Тајланд (CEPMART) Подружни членови: Африкански математички сојуз (AMU) Европско математичко друштво (EMS) Математички сојуз на Латинска Америка и Карибите (UMALCA) Кандидати за членство:

Наводи Mathematics without borders, Olli Lehto (Springer, 1988)

Надворешни врски Меѓународен математичка сојуз

Категорија:Математички друштва Математичка унија