дясно|мини|350px|Динамика на населението thumb|300px|Пирамида на старосна структура

Според последниот попис одржан во 2006 година, населението на Габон изнесува 1 424 906 луѓе.

Старосна структура (2006) 0-14 години: 42,1% (мажи 300 914/ жени 299 141) 15-64 години: 53,9% (мажие 383 137/ жени 384 876) над 65 години: 4% (мажие 23 576/ жени 33 262)

Коефициент на плодност 2006-4.74

Расен состав 87,2% - црнци 11,8% - белци

Населението на Габон брои околу 1.475.000 жители. Скоро сите Габонци се Банту-црнци, иако сметајќи ги етничките групи во Габон живеат најмалку 40 етникуми со различни јазици и култури. Најголема етничка заедница е Фанг, иако со скорешните пописи се согледува дека етничката група Банџаби е подоминантна. Други етнички групи кои живеат во Габон се Мјене, Бакота, Ешира, Бапуну и Оканде. Етничките граници помеѓу групите не се јасно диференцирани, за разлика од остатокот на Африка.

Јазик Службен јазик во државата е францускиот јазик и може да се рече дека јазикот е сила која ги обедува етничките групи во државата. Се проценува дека околу 80% од населението на земјата зборуваат француски и 30% од населението на Либрвил францускиот го зборуваат како мајчин јазик. Државно гледано, 32% од населението зборува фанг јазик како мајчин јазик. Повеќе од 10.000 Французи живеат во Габон кои се главни странски доминанти елементи во габонското оштество.

Религија 73% - христијани 12% - муслимани 10% - локални религии

Наводи

Надворешни врски