Смолник или Смолница () — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци муслимани, но порано било со мешана вероисповед.
Географија Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. Има Горно и Долно Маало, распоредени недалеку од левиот брег на Трновска Река, притока на Окштунска Река. На исток, преку второспоменатата река лежи Којовец, а на северозапад се издига планината Гулабица.
Историја Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Смолница (Smolnitza) било село со 15 домаќинства сочинети од 33 жители торбеши.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172 – 173. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) Смолник е поставен во областа Голема Река (Грика Маде) и брои 100 жители.
По Првата балканска војна во 1912 г. Смолник влегол во новосоздадена Албанија.
Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Смолница се води како село со 70 куќи на Македонци муслимани.Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
Податоците на албанското МВР од 1935 г. говорат дека Смолник имало 49 македонски куќи со вкупно 242 жители, сите муслимани.Список на населените места со македонојазични жители, по области. Тајна служба на албанското МВР, 1935 г.
Според податок на М. Филиповиќ објавен во 1940 г. селото имало околу 20 куќи на торбеши, иако до неаодамна имало и православни, споменувајќи извесен Тодор во 1922 г. Покрај македонскиот, во Смолник бил застапен и албанскиот јазик.
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Зрклени.
Демографија
Знаменитости
Личности
Поврзано Голо Брдо Дримколско-голобрдски дијалект
Наводи
Категорија:Села во Албанија Категорија:Голо Брдо Категорија:Булчица