Радоешта (Радоишта или Радовишта) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци муслимани, иако порано било со мешана вероисповед.
Географија Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, на 2 км (по воздушна линија) западно од Тучепи 3 км од границата со Македонија, каде од другата страна е торбешкото село Отишани, Општина Дебар.
Некои од селските маала се Беѓовци, Бојаџиовци, Симановци и Тропчаништа.Асенова, Петя. Местни имена от Голо бърдо, Североизточна Албания, во: Езиковедски проучвания в памет на проф. Йордан Заимов, София 2005, с. 45 – 52. Последно споменатото порано било одделно село.Карта на Голо Брдо, прва половина на XX век (обележано како Тръбчанища).
Историја Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Радовишта (Radovichta) било село со 35 домаќинства, со 52 жители Македонци муслимани (Торбеши) и 54 жители Македонци-христијани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172 – 173. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Радовешта живеат 120 жители, сите Македонци муслимани.
Весникот „Дебарски глас“ во 1909 г. напишал:
По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.
Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Радовиш се води како село од 70 куќи, сите Македонци муслимани.Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.
Знаменитости Радоешка џамија
Личности Јаков Јанковски — општественик, во 1902 г. ја завршил Солунската машка гимназија Фаик Курти (1938 – 2006) — балетан и кореограф во Албанија
Поврзано Голо Брдо Дримколско-голобрдски дијалект
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Албанија Категорија:Голо Брдо Категорија:Булчица Категорија:Македонски населби во Албанија