Долна Бањица () — село кое е физички споено со Гостивар. Се наоѓа во Горен Полог, а до 2004 година била седиште на истоимената Општина Долна Бањица која била припоена кон Општина Гостивар. Се наоѓа југозападно од градот Гостивар.

Географија и местоположба Долна Бањица иако е физички споена со Гостивар, таа има статус на село и со тоа не е дел од градот. Се наоѓа на надморска височина од 543 м.

Историја Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Со територијалната поделба од 2004 година, Долна Бањица припаѓала и била седиште на Општина Долна Бањица.

Стопанство Долна Бањица е позната по производството на кромиди и по познатиот Бањички домат јабучар.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долна Бањица живееле 786 жители, од кои 615 Турци, 155 Македонци и 16 Роми.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 214. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долна Бањица имало 120 Македонци, од кои 72 патријаршист и 48 под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр. 122-123.

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Долна Бањица е центар на општина од 4 села во Горнополошиот срез и има 142 куќи со 731 жител, Турци, Македонци и Роми.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр. 25.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 750 Турци и 150 Македонци.

Селото е големо и во 1961 година броело 1.498 жители, од кои 325 биле Македонци, 240 Албанци, 898 Турци, 8 Срби и 27 останати, а во 1994 година бројот се зголемил на 5.408 жители, од кои 1.150 Македонци, 2.810 Турци, 1.236 Албанци, 189 Роми, 14 Срби и девет други.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, населбата имала 4.356 жители, од кои 355 Македонци, 1.524 Албанци, 2.444 Турци, 9 Роми, 1 Србин и 23 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, населбата има население од 3.138 жители, од кои 391 Македонец, 1.166 Албанци, 1.254 Турци, 14 Роми, 1 Србин, 5 останати и 307 лица без податоци.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Долна Бањица:

ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————1.168195326493921813—9...2—1.4451961325240898......8...27—1.49819716567291.074—...15...10—2.48419811.4051.5401.234136—27...45—4.38719911.2111471.252148—18...22—2.69819941.1502.8101.236189—14...9—5.40820023551.5242.4449—1—23—4.35620213911.1661.25414—1—53073.138 * Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови Долна Бањица е мултиетничко, автохтонотo турско село заедно со албанско-македонско население, едно од поголемите во Гостиварско, кое веќе претставува населба.

Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:

Македонци: Дамчевци (3 к.) доселени се од Кумановско. Имаат иселеници во Скопје (три семејства) и во Белград (едно семејство). Јоановци (6 к.) доселени се од селото Пожаране, таму биле староседелци. Го знаат следното родословие: Јорде (жив на 66 г. во 1940-тите) Тофил-Милче-Јоан, кој се доселил. Имаат иселеници во Беловиште. Пандиловци (3 к.), Јовчевци (2 к.) и Милчевци (2 к.) доселени се од поречкото село Бенче. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство) и во Софија (две семејства). Симуновци (3 к.) доселени се од селото Горна Бањица, каде припаѓале на родот Бибовци. Милевци (2 к.) доселени се од селото Козичино, Кичевско. Апостоловци (1 к.) доселени се од селото Тајмиште, Кичевско. Арцевци (1 к.) доселени се однекаде. Турци: Коленко (2 к.), Ѓоровци (6 к.) и Чеколар (5 к.) порано зборувале македонски и биле православни, но потоа се потурчиле, доселени се однекаде; Љоковци (14 к.), Чуп (8 к.), Зеќировци (4 к.), Ајдаровци (3 к.) и Љушалар (3 к.) наведените родови се од мешано Турско-Албанско потекло и зборувале турски. Биле доселени од денешна Албанија, Мала Азија и од околни полошки села. Асановци (3 к.), Бурназлар (7 к.), Бручлари (4 к.), Дервишовци (4 к.), Јонуз Агини (8 к.), Баба Реџини (13 к.), Шеретлери (2 к.), Муса (2 к.) и Меметовци (2 к.) потекнуваат од вистински Турци. Нивните предци се доселиле од Мала Азија. После 1912 година во Турција се иселиле околу 10 семејства. Албанци: Сељатин (1 к.), Рашит Колар (1 к.), Бише (1 к.), Табак (1 к.), Мимин (1 к.), Шукрија (1 к.), Ибраим (1 к.), Асан Симњица (2 к.), Селман (1 к.), Весел (1 к.), Селим (1 к.), Максут (1 к.) и Асановци (2 к.) најмлади родови во селото. Доселени се од околни полошки села. Право потекло им е од северна Албанија.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 510, 510/1, 511, 511/1, 517, 518, 518/1, 519 и 519/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште и основното училиште во населба циглана гостивар.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 6.535 гласачи.

Културни и природни знаменитости мини|десно|Црквата „Св. Апостол Петар“ во Долна Бањица

Редовни настани

Личности Јусуф Сабит (1957 - 2007) - македонски и турски поет, раскажувач, новинарски дописник Икај Јусуф - македонски и турски музичар, прв претставник на Македонија во Турковизија;

Култура и спорт ФК Извори ФК Генч Калемлер

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски