Франц Лудвиг Фалечко-Нојбуршки (; - ) — германски епископ и архиепископ на неколку епархии и Голем мајстор на Тевтонскиот ред. Роден е во Нојбург на Дунав син на Филип Вилхелм, изборен кнез на Пфалц и Елизабета Амалија Хесенско-Дармштатска.

Во 1683 г. станал архиепископ на Вроцлав по смртта на брат му, Волфганг Георг, кој требал да ја имаа оваа функција.

Во 1694 добил и други функции како Голем мајстор на Тевтонскиот ред и епископ на Вормс. Во 1716 станал архиепископ на Трир. Во Трир ги реорганизирал подрачјата на црковна надлежност и помогнал со обновата на римскиот мост и трирската катедрала. Во 1729 станал и архиепископ на Мајнц, а со тоа се откажал од службувањето во Трир бидејќи папата забранил да се спојуваат архиепископии. Во Мајнц, Франц Лудвиг започнал управни и правосудни реформи, како и изградбата на Тевтонското заповедништво (Deutschhaus).

Починал во Вроцлав (Бреслау) и закопан е во наменски изградена капела во Вроцлавската катедрала.

Грбови

Надворешни врски

Биографија во Биографско-библиографската црковна енциклопедија

Категорија:Родени во 1664 година Категорија:Починати во 1732 година Категорија:Луѓе од Баварија Категорија:Германски архиепископи Категорија:Епископи од 18 век Категорија:Германско благородништво Категорија:Вителсбаховци Категорија:Големи мајстори на Тевтонскиот ред