Дуња () — единствениот вид од родот Cydonia. Таа е дрво, високо од 4 до 6 м. Распространета е во Азија и Европа.

Во 2021 г. во Македонија се произведени 1 556 тони дуњи.

Име Латинското име на дуњата е cydonia vulgaris. На македонското јазично подрачје познато е и како јона (Врања, Демир Хисар), дунка (Воден), дујна (Прилеп).Билтен на одборот за изработување на македонската терминологија, МАНУ, Скопје, 1974, стр. 5

Дуњата како мотив во уметноста „Дуња“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1989 година.Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 119. „Дуњи“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 578.

Наводи

Категорија:Јаболкови Категорија:Лековити растенија Категорија:Овошни дрва Категорија:Јадливи плодови Категорија:Растенија за бонсаи Категорија:Таксони опишани од Филип Милер