Грбовите на Македонија се едни од симболите на македонскиот народ и македонската држава. Низ историјата постоеле различни видови и дизајни, но сепак голем дел од македонските грбови како главен мотив го имаат македонскиот златен лав. Македонските земски грбови можат да се пронајдат во голем број средновековни грбовници кои датираат од околу XV век па сè до денес. Како одлика за македонската херладика е користењето на мала круна на главата на лавот, голема круна над штитот, користење на германски штит и жолта боја за лавот и црвена за штитот. Како и да е, поради грешка на некои средновековни хералдичари, има мали отстапки при дизајнот на македонскиот грб, кои сепак не влијаат на симболиката на истите.
Забуна со црвениот лав на златно поле Во своето дело за грбовите на Македонија, Матковски погрешно смета дека Витезовиќ го помешал македонскиот грб со бугарскиот и затоа тврди дека сите подоцнежни грбословци од него ја препишале истата грешка. Меѓутоа, подоцна стручњаците утврдиле дека ова е грешка на Матковски и дека црвениот лав на жолто поле е исправен стар грб на земјата, кој дури подоцна добива обратна варијанта.Јован Јоновски, „Грбовите на Македонија“ — стручен напис од хералдот Јован Јоновски во Македонски хералд, март 2009 Денешната хералдичка историографија заклучува дека обете варијанти се исправни и напоредно важечки симболи на земјата, со тоа што историски земено, лавот на Македонија бил традиционално црвен.Пресликана страница од делото на Витезовиќ кајшто е потцртана информацијата за црвениот лав
Македонски грбови во употреба
Грб ОписДатумУпотреба Грбот е опколен од класје жито, каде во подножјето се наоѓаат плодови од афион, тутун и народен македонски вез. Во средината има приказ на планина и вода со изгрев на сонце. Класјето се спојува на врвот од грбот. 27 јули 1946 16 ноември 2009 (изменет) Официјален грб на Македонија. Грбот е составен од македонското знаме на штит. Под штитот со македонското знаме се наоѓа венец од македонски даб со по осум листови и осум желади. 2 декември 2009Официјален грб на претседателот на Македонија
Историски македонски грбови Државни
грб описдатумупотреба 200п|Грб на Македонија Грбот е опколен од класје жито, каде во подножјето се наоѓаат плодови од афион, тутун и народен македонски вез. Во средината има приказ на планина и вода со изгрев на сонце. Класјето се спојува на врвот од грбот и има црвена петокрака. 27 јули 1946 - 16 ноември 2009 Грб на Македонија од 1991 до 2009. 200п|Грб на Македонија Ист како и грбот на Македонија од 1991 до 2009. 27 јули 1946 - 8 септември 1991Иако се смета дека овој грб се користел во 1991, сепак тој бил грб на Македонија до 2009. Грб на НР Македонија од 1946 до 1963 Грб на СР Македонија од 1963 до 1991. 200п|Грб на НР Македонија Сличен со грбот на СР Македонија. Мали разлики во дизајнот и симболизмот. 27 јули 1946 - 31 декември 1946Грбот бил официјален на НР Македонија кратко време и бил сменет со грбот на СР Македонија на 31 декември 1946. Грб на НР Македонија.
Земски и национални