Државната Кремљска палата (руски: Государственный Кремлёвский дворецГосударственный Кремлёвский дворец. Лопатин В. В. Прописная или строчная? Орфографический словарь / В. В. Лопатин, И. В. Нечаева, Л. К. Чельцова. — М.: Эксмо, 2009. — 512 с., стр. 142), до 1992 година позната и како Кремљска конгресна палатаКремлёвский дворец съездов. Лопатин В. В. Прописная или строчная? Орфографический словарь / В. В. Лопатин, И. В. Нечаева, Л. К. Чельцова. — М.: Эксмо, 2009. — 512 с., стр. 234, е голема административна палата, која се наоѓа во Московскиот кремљ, во Русија.

Зградата била изградена по иницијатива на Никита Хрушчов, како модерна палата за состаноци на Комунистичката партија. Градежните работи започнале во 1959 година, а целосно градбата била завршена и официјално отворена на 22-иот конгрес на КПСС, односно на 17 октомври 1961 година. Во 1962 година, на архитектот на објектот, М.Посокин, му била доделена Ленинска награда за неговиот успех.

Речиси 17 метри од зградата се наоѓа под земјата. Главната сала, каде се одржуваат состаноците, може да собере 6.000 гости. Во тоа време, оваа сала се сметала за една од најсовремените во светот. Во текот на својата историја, објектот станал место каде се одржувале голем број на манифестации, особено партиските конгреси. Денеска, објектот се користи како концертна сала, балетна сала, театар и слично.

Палатата е обложена со бел мермер, а нејзините прозорци се затемнети. Од 2006 до 2009 година, Државната палата во Кремљ била реконструирана за последен пат.

Наводи

Категорија:Дворци во Русија Категорија:Официјални резиденции во Русија Категорија:Архитектура од 20 век Категорија:Московски кремљ