Еро Саринен (фински: Eero Saarinen, ) (20 август 1910, Кирконуми, Финска – 1 септември 1961, Ен Арбор, Мичиген, САД) бил американски архитект и индустриски дизајнер со финско потекло, познат по прилагодувањето на неговиот стил во зависност од барањата на проектот: едноставни, коренити, сводни структурални облини или рационализам налик на машина.Eeva-Liisa Pelkonen and Donald Albrecht (eds), Eero Saarinen. Shaping the Future (2006)
Саринен е значаен архитект на 20 век и претставник на органската архитектура. Најпрво се ориентирал кон строгите кубистички облици. Дури со текот на времето започнува да применува поекспресивни облици. Познат е по своите елегантни слободно носечки кровни конструкции.
Освен згради, Саринен развивал и мебел. Значајно дело е неговата "лале столица" (Tulip Chair), со широко, кружно подножје.
Галерија
Наводи
Категорија:Архитекти Категорија:Родени во 1910 година Категорија:Починати во 1961 година