Виолета Ачкоска (, ) — македонски историчар и универзитетски професор во пензија.
Животопис Ачкоска е родена во Охрид на 9 април 1954 година. Во 1977 година дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје, група Историја. На истиот факултет, таа магистрирала во 1988, докторирала во 1993 со тезата „Аграрот и селото во Македонија 1945-1955 година“. Во 1978 година, таа се вработила во Марксистички центар „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ како стручен соработник од областа на современата историја. Во 1989 година, таа преминала во Институтот за национална историја во одделението за најнова историја. Од 1998 година, таа се вработила како доцент на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за историја. Таа водела неколку домашни и учествувала во неколку странски и домашни проекти.
Научниот интерес и досегашните објавени трудови на Ачкоска може условно да бидат поделени на неколку научни области:
Историја на Македонија и македонскиот народ, при што поголемиот број на трудови се однесуваат на аграрната и економската историја, потоа на политичката историја (меѓуетничките односи и репресијата во комунизмот), историјата на образованието и културната историја. Методологијата на историската наука Методиката на наставата по историја Ачкоска е еден од историчарите кои се најгласни за спроведување на лустрацијата и расчистувањето со комунистичкото минато на Македонија. Ачкоска во својот историски наратив претставува ставови дека Југославија не била добра држава за Македонскиот народ и македонските патриоти, бидејки тие страдале од негативните политики на федеративната власт, Јосип Броз Тито и неговите соработници во Македонија. Според нејзините тврдења, спротивно на волјата на мнозинството партизани тие биле пратени на Сремскиот фронт да учествуваат во финалните борби за ослободување на Југославија, наместо да пробаат да ги обединат Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија преку напад на градот Солун.
Водела неколку домашни и учествувала во повеќе странски и домашни проекти. Објавените трудови и истражувања на проф. д-р Виолета Ачкоска се днесуваат на неколку научни области од современта историја: социјалната историја, политичката историја (меѓуетничките односи и репресијата во комунизмот), историјата на образованието и културната историја. Истовремено видлив обем заземаат нејзините трудови од областа на Методологијата на историската наука и Методиката на наставата по историја. Во рамките на своите научни постигања, отворила некои табу теми во македонската историографија (колективизацијата на македонското село, задолжителниот откуп, ревизијата на доделувањето земја на некогашните колонисти, одделни аспекти на проблемот на репресијата за време на комунистичкиот режим итн.).
Таа е еден од авторите на музејската поставка во Музејот на македонската борба за самостојност и Археолошкиот музеј на Македонија по неговото вселување во новите простории.
Била член на повеќе комисии за одбрана на докторски и магистерски трудови. Во нејзините пошироки ангажмани како експерт, професор и интелектуалец била член на комисии во рамките на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“, член на одбори за доделување државни награди и општествени признанија, член на неколку редакции на научни списанија од областа на историската наука, водела повеќе комисии од областа на наставата по историја во рамките на Министерството за образование и наука на и Бирото за развој на образованието, учестувала во проекти на Министерството за култура и Министерството за наука образование и наука итн.
Основач е на повеќе македонски родољубиви здруженија, невладини организации и фондации блиски до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Основач и предводник е на здружението ГДОМ (Граѓанско движење за одбрана на Македонија).
Таа била професорка на Институтот за историја при ФЗФ, се нејзината пензија во 2019 година.
Библиографија
Како автор и соавтор објавила околу 40 моногрфски и други трудови (книги и други историографски трудови, учебници и учебни помагала и групни изданија), повеќе од 100 научни статии и поголем број други стручни прилози (прикази, презентации, фељтони, интервјуа, написи во печатот, промотивни слова итн.), автор и соавтор на учебници за историја во основното и средното образование, автор и соавтор на околу 30 сценарија за документарни историски филмови и на неколку музејски концепти. Била редактор на повеќе преведени научни трудови.
Некои од трудовите се:
„Аграрната реформа и колонизацијата во Македонија (1944 - 1953)“ „Репресијата и репресираните во најновата македонска историја“, заедно со Никола Жежов, Скопје : Макавеј, 2005. „Предавствата и атентатите во Македонската историја“, заедно со Никола Жежов „Осознавање на историјата“ (заедно со Даринка Петреска), Скопје, 2007. „Егзодусот на македонското селанство во социјализмот“, Скопје, 2007.
Наводи
Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски учебникари Категорија:Југословенски историчари Категорија:Живи луѓе Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Доктори на Филозофскиот факултет - Скопје