Оливер Белопета (, ) — македонски музички работник, поранешен радио водител и директор на Скопскиот џез фестивал. Во Македонија важи за човек кој најмногу го афирмирал џезот. Од 2008 година, тој станал член на одборот на Европскиот форум на фестивали на музика на светот (EFWMF).

Животопис Белопета е роден е во Скопје, во 1952 година, во семејство на татко, лекар-гинеколог и мајка, професор по француски јазик. Дипломирал на Електро-техничкиот факултет во Скопје - насока телекомуникации, а во август 1978 година се вработил во МРТ, во секторот „Предаватели и врски". Паралелно со формалното образование, тој покажувал голем интерес за музиката: со текот на времето собрал голема колекција на грамофонски плочи и ги посетувал фестивалите низ Европа, каде што црпел драгоцени искуства.

Долги години, Белопета бил музички рецензент во саботното издание на „Нова Македонија“, а честопати се појавувал и како водител на емисии во радио-станиците: „Македонско радио“ и во „Нома". Клучен момент во неговиот живот се смета оној кога, со група ентузијасти, дошол до идејата за организирање на „Скопскиот џез-фестивал“, кој бил основан во 1982 година, а Белопета станал уметнички директор на фестивалот. До јануари 1996 година, Белопета бил вработен во МРТВ, а потоа станал професионелен директор на „Скопскиот џез фестивал“.

Наводи

Надворешни врски Скопски Џез Фестивал

Категорија:Луѓе од Скопје