Кума Ел Хаџи Бабакар () — сенегалски фудбалер, напаѓач на Сасуоло, на заем од Фјорентина.Profile at La Gazzetta dello Sport

Клупска кариера Почетоци Бабакар ја започнал својата кариера во младинската екипа на УС Раил во својот роден град. Во летото 2007, дошол во Италија на проби во екипата на Пескара. По успешно завршените проби тој потпиша договор со клубот и кариерата ја продолжи во младинскиот тим на Пескара, во Серија Б.

Фјорентина По само една година помината во Пескара во јули 2008, Бабакар се преселил во Фјорентина. Во текот на сезоната 2009-2010 тој бил префрлен во првиот тим кој тогаш бил под водство на Чезаре Прандели. На 14 јануари 2010, го направил своето деби за првиот тим на Фјорентина на возраст од само 16 години, играјќи како стартер против Кјево во натпревар од осминафиналето на Купот на Италија; во 75-тата минута Бабакар го постигнал својот прв сениорски погодок во кариерата за да израмни на моментални 2-2, а на крајот виолетовите победиле со 3-2. На 27 февруари дебитирал во Серија А, влегувајќи како замена во второто полувреме од натпреварот Лацио-Фјорентина (1-1). Својот прв гол во Серија А го постигнал против екипата на Џенова на 20 март истата година, последниот на натпреварот во победата со 3-0.

Пред почетокот на сезоната 2010-2011 тој потпишал нов 5 годишен договор со Фјорентина.

Во јануари 2018, Бабакар заминал во Сасуоло на заем до 30 јуни 2018, додека Диего Фалчинели како дел од трансферот заминал на заем во спротивната насока.

Наводи

Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Живи луѓе Категорија:Сенегалски фудбалери Категорија:Сенегалци Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери на ФК Расинг Сантандер Категорија:Фудбалери на ФК Модена Категорија:Фудбалери на Сасуоло Калчо Категорија:Родени во 1993 година