In Vinica Veritas е фестивал за хумор и сатира кој традиционално се одржува секоја година во Виница во Домот на културата. Фестивалот е единствен од ваков вид во Македонија. За првпат фестивалот бил одржан на 26 септември 1993 година, за на крајот во '90-тите да згасне. Возобновен е во 2009 година, кога станува и меѓународен. Се одржува секогаш на крајот на октомври. Еден од првите добитници на награда на фестивалот во 1993 е Бошко Перински. Фестивалот трае 5 дена и на него се доделуваат неколку награди:

Карикатура Афоризам Епиграм

На вестивалот се изложуваат карикатури и се одржуваат театарски претстави. Организатор на фестивалот е Домот на културата од Виница, а е финансиски поддржан и од Министерството за култура и од локалната самоуправа.

Наводи

Категорија:Култура на Виница Категорија:Фестивали