Фридрих Лудвиг Готлоб Фреге (; — ) — германски математичар, логичар и филозоф. Еден од основачите на современата математичка логика и аналитичка филозофија. Се смета за еден од најголемите логичари на сите времиња. Неговото дело „Поимно писмо“ (Begriffsschrift) е најважната книга во историјата на логиката од основањето на предметот од страна на Аристотел, па сè до тој момент.

Најголемиот дел од својата научна кариера го поминал на Универзитетот во Јена. Држел предавања од многу области како математика, поконкретно држел предавања по аналитичка геометрија, диференцијални равенки, механика, и покрај тоа што поголемиот дел од неговите математички трудови биле од областа на логиката. Најзначајните трудови му биле од областите: логика, математичка филозофија и филозофија на јазикот. Една позната реченица на Фреге е: „Секој добар математичар е барем половина филозоф, а секој добар филозоф е барем половина математичар.“

Во 1879, Фреге ја конструирал првата варијанта на предикатното сметање. Таа била многу слична на денешната, и покра тоа што Фреге користел друга нотација. Фрегеовото откритие за квантификаторот кој врзува променливи, се смета за едно од најголемите откритија на век.

Фреге сакал да покаже дека целокупната математика може да се сведе на логика, но во тоа не успеал. Развил специфична филозофија на јазикот која и денеска многу филозофи ја сметаат за значајна.

Литература Архива: „Историја на математиката“ За Готлоб Фреге на Стенфордската енциклопедија на филозофијата

Наводи

Надворешни врски

Фреге на проектот Генеалогија Целокупен водич до материјалот на Фреге достапен на интернет од Брајан Карвер.

Категорија:Родени во 1848 година Категорија:Починати во 1925 година Категорија:Германски математичари Категорија:Германски филозофи Категорија:Аналитички филозофи Категорија:Германски логичари Категорија:Луѓе од Висмар Категорија:Филозофи на јазикот Категорија:Философи на математиката Категорија:Апсолвенти на Јенскиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Гетингенскиот универзитет