Александар В. Настески (Зубовце, - Тетово, 2023) — македонски ликовен уметник и еден од истражувачите на карпестата уметност на Шар Планина. Дипломирал како сликар-костимограф на Белградскиот универзитет во Србија. Тој работи најчесто со масло, односно комбинација на пејзажи, портрети и мртва природа. Член е на Здружението на ликовни уметници од Тетово. Во јуни 2010 година, во Центарот за култура во Тетово, тој ја одржал својата 26 самостојна изложба. Починал на 19 јануари 2023 година во Тетово.

Наводи

Надворешни врски

Блогот на Настески

Категорија:Починати во 2023 година Категорија:Луѓе од Зубовце (Гостиварско) Категорија:Починати во Тетово Категорија:Македонски сликари Категорија:Југословенски сликари