Горнопровансалските Алпи (фр. Alpes-de-Haute-Provence, окс. Aups d'Auta Provença) се департман во јужниот дел на Франција, некогаш дел од областа Прованса.

Историја „Северна Прованса“ бил еден од 83-те департмани утврдени за време на Француската револуција (4 март 1790). Потоа бил преименуван во „Горна Прованса“ и „Долни Алпи“.

Во 1793 е создаден департманот Воклиз од делови на департманите Устие на Рона, Дром и Долни Алпи.

Во 1970 департманот Долни Алпи е преименуван во „Горнопровансалски Алпи“.

Географија Горнопровансалските Алпи се планинска област со врвови над 2.400 m. Климата е мошне сува и пуста, но и покрај тоа овоштарството е важна гранка, благодарение на системите за наводнување.

Департманот се граничи со департманите Горни Алпи, Приморски Алпи, Вар, Воклиз и Дром, како и Република Италија.

Позначајни реки се: Диранс, Вердон, Блеона, Ибе, Вар, Биеш, Жаброн и Ларг.

Окрузи и кантони

Горнопровансалски Алпи се поделени на 4 окрузи, 30 кантони и 200 општини. Најважно населено место е административниот центар (префектура) Дињ ле Бен.

Туризам Прекрасните пејзажи на областа нудат разни туристички активности. Единаесет села се сметаат за места со особен архитектонски карактер. Еве некои значајни места: Местото Систерон со мошне стара тврдина и тесни сокаци Вердонската Клисура („Големиот Кањон“ на Европа) Дињ ле Бен - бањски град Мустје-Сент-Мари - место познато по грнчарството катедралата во Форкалкје

Лете во оконите планини се практикуваат разни воздушни спортови како параглајдерството, летањето со делтаплан, едриличарството и сл. Зиме работат единаесет скијачки центри.

Поврзано Кантони во Горнопровансалските Алпи Општини во Горнопровансалските Алпи Окрузи во Горнопровансалските Алпи

Надворешни врски

Страница на Генералниот совет Страница на префектурата Подробни информации за областа Водич низ Горнопровансалските Алпи

Категорија:Департмани во Прованса-Алпи-Азурен Брег Категорија:Држави и територии настанати во 1790 година