мини|десно|300п|Карта на Лигурското Море и неговите граници Лигурското Море (итал. Mar Ligure; фр. Mer Ligurienne) е ракав на Средоземното Море, помеѓу Италијанската Ривиера (Лигурија и Тоскана) и островите Корзика и Елба. Именувано е по древниот народ Лигури.
Географија Морето копнено се граничи со Италија, Франција и Монако. На исток се граничи со Тиренското Море, а на запад со главнината на Средоземното Море. Најважен град во областа е Џенова. Северозападното крајбрежје е познато по живописниот пејзаж и пријатната клима.
Најсеверниот дел од морето го зафаќа Џеновскиот Залив. Во источниот дел се влева реката Арно, како и многу други реки што извираат од Апенините. На карпестото крајбрежје се сместени пристанишните градови Џенова, Ла Специја и Ливорно. Достигнува длабочина од 2.850 m (северозападно од Корзика).
Водната површина што ја дели Корзика од италијанското копно се нарекува Корзинански Проток. Протокот е широк околу 80 км и го двои Лигурското од Тиренското Море.
Граници Според Меѓународната хидрографска организација, Лигурското Море ги има следниве граници: На југозапад: Линија од ‘ртот Корс во северна Корзика (9°23' ИГД) до границата помеѓу Франција и Италија (7°31' ИГД). <p>На југоисток: Линија од ‘ртот Корс до островот Тинето () и потоа преку островите Тино и Палмарија до ‘ртот Сан Пјетро () на италијанското крајбрежје. <p>На север: Лигурското крајбрежје на Италија.
Поврзано Тиренско Море Јонско Море Јадранско Море
Наводи
Категорија:Средоземно Море Категорија:Географија на Италија Категорија:Географија на Франција Категорија:Географија на Монако Категорија:Мориња во Италија