мини|десно|250п|Женевскиот автосаем во 2006 г. Меѓународниот женевски автосаем (фр. Salon International de l'Auto) е годишен автосаем што се одржува секој март во Женева, Швајцарија. Местото на одржување е сајмиштето Geneva Palexpo што се наоѓа веднаш до женевскиот аеродром. Саемот го организира Меѓународната организација на автопрозиводители (Organisation Internationale des Constructeurs d'Automobiles) и се смета за еден од поважните меѓународни настани од овој вид.Женевски автосаем 2010
Првиот Женевски автосаем е одржан во 1905 г., и оттогаш ги има изложено сите поважни модели на возила со внатрешно согорување во историјата на автомобилот, како и гасни и парни автомобили во раните години. Главни атракции на саемот честопати се егзотичните суперавтомобили. На овој настан се најавуваат прототипови, нова опрема, важни технички откритија, меѓународни партнерства и социо-политички проблематики. Светските автопроизводители го сметаат овој саем за неутрално и рамноправно место за изложување, особено бидејќи Швајцарија нема своја автоиндустрија.
Оддели Ова се одделите на саемот:
Автомобили со 3, 4 и повеќе тркала. Електрични автомобили и автомобили на алтернативни горива. Специјални каросерии за автомобили, автодизајн и автоконструкторство. Преработени автомобили (штелувани и сл.) Автоопрема и автоделови Самостојни производители на опрема Работилници за поправка и одржување на автомобили Разни производи и услуги за автмобили Атракции и претстави.
Меѓународен форум за напредна подвижност Во рамките на саемот се одржува и Меѓународен форум за напредна подвижност, на кој се зборува за превозните средства во иднината.
Поврзано Франкфуртски автосаем
Наводи
Надворешни врски
Македонски Женевскиот саем на автомобили со 85 нови модели - Bluezone (2009) Започна 80-тиот саем за автомобили во Женева! - Возикола (2010)
Англиски Официјална страница на автосаемот Список со плакати на сите женевски автосаеми од 1905 г. до денес
Категорија:Автосаеми Автосаем