Анхелика Вале (родена Анхелика Марија Вале Хартман на 11 ноември 1975 година во Град Мексико, Мексико е мексиканска актерка, пејачка и комедијантка, позната уште и како ќерка на глумицата Анхелика Марија и на комедијантот Раул Вале. Работи како глумица преку 30 години, а најголема слава постигнува со улогата на Летисија Падиља Солис во телевизиската серија "Грдата убавица".

Глумечка кариера

Како дете, во филмот Големата победа од 1981 година, Вале глумеше ќерка на мексиканската суперѕвезда Риго Товар Во 1998 година ја доби улогата на Хулиета во "Девојки од соништата", а во 2001 година, ја доби улогата на Венди Најели Перес во "Пријатели и соперници".

Mузичка кариера

Како и нејзината мајка, Вале е исто така и пејачка. Таа ја изведе песната за филмот „Грдата убавица”. Во 2008 година, таа го издаде албумот "Божиќ со пријателите" со Рикардо Монтанер.

Филмографија

Теленовели во кои имала улога:

Наслов УлогаЖени убијци Хулија ЕнкубридораНајгрдата убавица Летисија Падиља СолисПријатели и соперници Најели ПересДевојки од соништата Хулиета РуизТајната на Александра ГлориаАнгели без рај ?Благословена лага МаргаритаЧудото на животот Алехандра

Категорија:Живи луѓе Категорија:Мексиканци