Куковопланинско лутиче () — вид на ендемско лутиче (Ranunculus) што расте само во Нов Зеланд. Во рамките на земјата, вирее на Јужниот Остров и Стјуартовиот Остров, на надморска височина од 700 до 1.500 м.Ranunculus lyallii - Лутичарско друштво Алпски растенија во Нов Зеланд: Ranunculus lyallii Најраспространетото англиско име на растението е Mount Cook lily („куковопланински лилјан“), но ова научно сосем неисправно бидејќи растението воопшто не припаѓа на семејството на лилјаните.

Ова билно повеќегодишно растение расте до височина од 60–100 см (како најголем од сите видови лутичиња), со цврст ризом. Листовите му се сјајно темнозелени и округли, со пречник од 15–40 см. Цветовите имаат пречник од 5–8 см, со 10–20 бели ливчиња и голем број жолти прашници. Цвета од доцна пролет до рано лето.

Најзастапено е во националниот парк Аораки/Кукова ПланинаСлики на планински лутичиња - Виртуелен Нов Зеланд и други алпски предели како Артуровиот Превој.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Нов Зеланд Категорија:Таксони опишани од Џозеф Далтон Хукер