мини|десно|220п|Претседателски околувратник мини|десно|220п|Посебен претседателски примерок на уставот Претседателот на Руската Федерација (рус. Президент Российской Федерации) е шеф на државата и врховен командант на Руската Федерација. Иако самиот устав не одредува дека претседателот е шеф на извршната власт, извршната власт де факто е поделена помеѓу претседателот и премиерот (шефот на владата). Моментален претседател на Русија е Владимир Путин во својот втор мандат (2012-).

Пред 25 декември 1991 г. шефот на владата се нарекувал Претседател на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република ().

Услови за функцијата Според Рускиот устав, секој кандидат за претседател мора да биде руски државјанин, да има барем 35 години и постојано да живеел во Русија најмалку 10 години.

Уставот налага дека едно лице може да служи најмногу два последователни мандата, но бројот на мандати е неограничен. Должината на мандатот е шест години. Пред 2012 година беше четири години.

Резиденции

Главната работна резиденција на претседателот е Сенатот во Московскиот КремљПретседателски резиденции . На располагање стои и Големиот Кремљски дворец (церемонијална резиденција) и таканаречената „XIV зграда“ (резервна резиденција).

Тековната станбена резиденција на претседателот е „Ново Огарјово“ ().

Вон Москва, претседателот има разни други Резиденции на Владимир Путин - списание „Коммерсантъ“ бр. 18(3594) од 7 февруари 2007 . „Рус“ (), Завидово, Тверска област „Конгресен“ или „Константиновски дворец“ (), Стрелна, Санкт Петербург „Бочаров Поток“ (), Сочи „Шујскаја Чупа“ () 25 км од Петрозаводск, Карелија „Ужин“ () 20 км од Валдај, Новгородска област „Волшки гребен“ () на брегот на Кујбишевското (вештачко) Езеро „Тантал“ (, на брегот на реката Волга, 25 км од Саратов „Сосни“ ( = ‚борови') на брегот на реката Енисеј, близу Краснојарск „Ангарски чифлиг“ () 47 км од Иркутск „Мал извор“ () во шумите на Екатеринбург

Превоз За копнениот превоз на претседателот е задолжена Гаражата за посебни намениПревоз на претседателот: Автомобили , оддел во рамките на Федералната служба за обезбедување. Лимузини ЗиЛ Mercedes-Benz Придружба Mercedes-Benz (со повеќе возила од типот G-Wagen) Chevrolet Почесна придружба (мотоцикли) ИМЗ-Урал BMW мини|десно|Претедателскиот авион за долги летови Иљјушин Ил-96-300ПУ За воздушниот превоз на претседателот е задолжен авиопревозникот „Росија“ (Россия)Превозни средства на претседателот: Воздушен превоз .

Авиони за долги летови Иљјушин Ил-96-300ПУ (долги летови) – главен авион на претседателот Иљјушин Ил-62М (долги летови) Туполев Ту-154 (средни летови) Јаковлев Јак-40 (кратки летови) Хеликоптери Ми-8

Претседателскиот авион ги има истите шари како редовните авиони на „Росија“, освен тоа што на опашката е истакнат грбот или претседателскиот стандард наместо знамето на Русија.

Поврзано Список на претседатели на Русија Претседател на СССР

Наводи

Надворешни врски Претседател на Руската Федерација

Категорија:Политика на Русија