Стилијанос Венетидис (грчки: Στέλιος Βενετίδης) (роден на ) — поранешен грчки фудбалер, кој играл на позицијата лев бек.
Кариера Во текот на својата кариера, Венетидис најмногу бил запомнет по периодот додека настапувал за Олимпијакос со кој освоил четири титули Првак на Грција и два купа, а исто така играл и во натпреварите од Лигата на шампионите. Покрај Олимпијакос настапувал уште за екипите на Орестис, Ксанти, Паок и Лариса. Кариерата ја завршил во мај 2012 година, на возраст од 35.
Тој е поранешен Грчки репрезентативец во периодот 1999-2004 има одиграно 42 натпревари за репрезентацијата. Венетидис исто така беше дел од репрезентацијата која победи на Европското првенство 2004. Играл на 3 натпревари, два во групната фаза и последните 15 минути од финалето.
Заслуги ПАОК Грчки куп: 2001 Олимпијакос Грчко првенство: 2002, 2003, 2005, 2006 Грчки куп: 2005, 2006 Лариса Грчки куп: 2007 Фудбалска репрезентација на Грција Европско првенство: 2004
Категорија:Живи луѓе Категорија:Грчки фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Олимпијакос Категорија:Фудбалери на ФК ПАОК